ги (зам.) - нападен (прид.)

А таму, на Рамник на Горник, над отворениот гроб на мајка си, одржа една проповед во која првин ги нападна грчките владини и писмо, а потоа ги искара и татка си и сите потковичани што допуштиле да бидат измамени од еден туѓинец.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Си достоја на клетвата и бесата, та во писмото, не само што не ги нападна селаните, ами навистина ги бранеше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Иако понекој имаше да им го каже патот, тие со сила беа земени од тој ајдутин Толета и без оружје одеа, та при првите пушки од аскерот се разбегаа и никаков кедер не направија“ стоеше во долгиот мудуров и јузбашиев извештај.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Затоа Попов, Циле, Сугарев и другарите не им помогнаа на овие што беа сега овде опколени, но затоа пак тие се извлечкаа без жртви и опасност од опколување.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Каде ли се Иван, Циле и Горѓи што ги нема да се јават? — се прашаа во себе Тодор, Петре и сите живи четници, не можејќи да ги слушнат грмежите од пушките и бомбите од Ливада, каде и нив Бахтијар ги нападна, но благодарение на честата гора овие лесно се префрлија на Ленишко, кое не беше опседнато, та над самото селце го заметнаа трагот и удрија кон југ, заблудувајќи го аскерот со сражението на Лигураса.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но селаните не ѝ се радуваа сега на пролетта како порано.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Околу Мученици се пораспарталија облаците и се прозаби небото за да може да се пробие некој и друг зрак од пролетното сонце. Му се израдуваа тие што останаа живи и излегоа крај ѕидиштата да ги затоплат измрзнатите коски и да ја поискашлаат кашлицата што ги нападна уште пред два три месеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А, од другата страна Едвард Бонд ги нападна „западните творци на апсурдниот театар” и Пинтер, дека се интелектуални курви.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Пред смртта на комунизмот, додека Бекет беше страшно актуелен во екс - социјалистичките земји, каде главно беше и забранет, цел запад се бавеше со Брехт.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Компирот, гравот и доматите ги нападна онаа жолта треска, самовилска коса на подземна јуда чии влакна спирално се обвиваат околу секакви стеблики и со свои шмукалки им ги цицаат соковите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Да, ги нападна Бузо со неговите и ги зазеде.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)