ги (зам.) - мој (прид.)

На трупот се напишани зборовите: Моето име е Ozymandias, Крал над Кралевите: Погледни ги моите дела, ти Моќнику, И очајувај! што очигледно имале сосема поинакво значење во нивниот првобитен контекст. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 59
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ние значи не наоѓаме ништо што засновува значење; само уште зборови (тоа И тоа).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа е сѐ што останало од некогаш големото царство.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
“Ако сакате да знаете сѐ за Енди Ворхол” кажа тој 1968-та, “погледнете ги моите слики и фил­мо­ви, погледнете ме мене, и ете.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ова, претпоставуваме, не е точно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Исто како и сликите, неговата автобиогра­фија е полна само со факти, ослободена од било какво откровение.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На 13.11.1903 год. утрото по разговорите со К.Мисирков и Ст.Јакимов кај него дома во Софија, Е.Спространов му пишува на бугарскиот министер-претседател Р.Петров: „Пишувајќи Ви ги моите лични сфаќања за иднината на мојата татковина Македонија, ги имам предвид големите опасности што се кријат во сепаратистичкото национално движење меѓу еден дел од македонската интелигенција, кое зад себе веќе влече и македонски народни маси, особено во Југозападниот дел на Македонија, со центрите во Охрид, Ресен, Битола и Прилеп”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога ќе бидеш крај мене почитувај ги моите чувства, грижи се никогаш да не ме распласчеш, докажи ми дека ме сакаш не за сто години, туку за цела вечност, покажи ми нежност, чувај ме за да бидам блиску покрај тебе засекогаш, зошто само љубовта е наша реалност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Господ кога правеше план на раскрсниците на животните патишта да ни ги спои душите не помисли на мојата тврдоглавост.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Солените зраци залудени ги покануваат рибите на валцер...ен два три...морнарски капи – мистериозни мапи...ен два три...љубовниците пијат лимонада – осамените сонуваат серенади... ен два три... загубени гаќи – јато страчки... ен два три... чамци прамци ланци и други тракатанци... ен два три...ен два три...еве ги моите родители, испокасани од решетките, сепак се вртат ритмично и лесно, иако сенки – гостинки сред радосното братство, иако...ен два три...иако го наслушнувам татко ми како мрмори: - Денот е како лист.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Дојдете по еден час. Веднаш ќе ги поправам - вели газдата топло, земајќи ги моите чевли.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Ќе ја оставам Јага ама и ти остави ги моите сестрички.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Не замешувај ги моите сестрички, ти се молам не зашеметувај ме. Сите знаат ...“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Покорно ги подаде рацете кон нивните челични чисици и тргна барајќи ги моите очи да се прости од мене.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Никола, ти говорев. Гледај ги моите пеперуги.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Така јас кратејќи ги моите долгогодишни маки, се почувствував херојски.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- Миличок - Катерина продолжи да ми шепоти во увото - зарем не забележуваш дека ги злоупотребуваш ваквите сериозни моменти.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Сфати ги моите размисли како можна додавка на погребниот ритуал што сè повеќе станува монотон, дури и досаден - реков.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Добро, заборавете ги моите умувања а посебно оние во врска со бројките; заборавете исто така дека Катерина не беше реагирала на оваа моја забелешка во врска со детските години; претпоставувам дека не ја беше слушнала.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Не плаши се, - се насмеа дедо ми, погодувајќи ги моите мисли.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Добро де, на вистинско место сте, еве ви ги моите деца. - Вашите деца се мечиња.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Следните шест месеци, сè додека не можев да ги полагам испитите, работев на замена, полно работно време, со половина плата, како неквалификуван интернист, живеејќи во психијатриското одделение во болницата Стобхил во Глазгов.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Секогаш се прашував дали моето паѓање имаше врска со вечерата на крајот на годината, кога седејќи со професорите на чело на масата, како говорник, испив премногу виски и вино, преискрено изразувајќи ги моите чувства за некои работи во медицината.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Си украл, му рекоа. Покорно ги подаде рацете кон нивните челични лисици и појде барајќи ги моите очи да се прости од мене.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Не тагувај, уморно славејче! Еве ти ги моиве гранки, одмори се, - рече тенката јасика.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)