ги (зам.) - низ (предл.)

Но...). (...) Куќите што ги изнајмивме во Провинстаун, Масачусетс, за неколку дена станаа вистинска кочина, и тоа најмногу поради тоа што сите ВЦ-а беа блокирани - изгледа дека тоа секогаш се случуваше кога Велветите беа во близина - така сите почнаа да трчаат низ собите со раце полни со гомна фрлајќи ги низ прозорецот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Второстепено влијание, барем за мене, имаше “The Wandering Scholars” од Hellen Waddell, препечатена во раните педесетти и значајна за младите поети од Средната генерација, кои во голем број ги напуштија манастирите и ги крстареа Европските патишта славејќи ги низ песна пошироките животни видици што ги откриваа надвор од своите академски ѕидини.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
На обвивката се наоѓаше голема налепница во облик на банана, што можеше да се излупи. (Првобитната идеја беше да ставам серијал од пластична хирургија, па ги пратив Малиот Џо и неговиот пријател Денис во медицинскиот архив да ми набаават фотографии од операција на нос, гради, задник, и останато - и тие се вратија со цел куп материјали.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
По манирите и начинот на кој ја чешлаше косата разделена на патец, имаше детски изглед; така и се смееше: ситно како ѕвончиња да ѕвечат; тоа делуваше малку необично заради неговите зрели години и униформата; со детски манири ги глодеше и ребрата врвејќи ги низ устата како да се усна армоника.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Секогаш дотеран, намирисан со Армани, ги поздравува патниците гледајќи ги низ цвикерите за сонце што коштаат 820 долари.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)