ги (зам.) - кон (предл.)

И ја плати сметката, видливо додавајќи убав бакшиш, а потоа со едната рака го фати кесето со кафе а со другата шишето коњак и, туркајќи ги кон неа, насмевнато ѝ рече: „Ова е за вас.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Здраво Карл - му се обрати, подавајќи ги кон него истовремено двете раце.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Истражувале како да се сочуваат, да останат толку колку што останале живи и пак, без караници, умно наслушнувајќи се еден со друг, се поделиле: едните мислеле дека е побезопасно да се патува дење, другите верувале дека ноќе не ќе сретнат никого дури ни на царски друм.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од што се плашеле? Бездруго од платеници на суробрадиот Али-бег што не признавал друго воденичарско господарство освен своето: па дури и на оние благолики Турци, наргиличари со среќна насмевка на алахови почитатели што не ја одобрувале неговата алчност, бегот можел да им се одмазди на некој начин; во својот долап со изрезбани арабески во дабово дрво имал пергамент за дедовски и татковски и свои заслуги во кој, со милосливост на султанот Махмуд Втори, се барало од граѓанските и воените власти да му бидат секогаш при рака, не додавајќи ги кон сето тоа легендите за неговите браќа што се истакнале во ликвидирањето на побеснетите јаничари и крџалии и пријателството што го врзувало со секакви мутеселими, кадии, кајмаками, шејови, заслужни бегови; се знаело дека во еден спор и самиот валија, државник и поет и исто толку почитатели на поетите Зати, Фузули, Наби, Вејси, набожно ги допрел со набожниот султански ферман градите, усните и челото и го прогласил неговиот стопан за доживотен праведник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Горда одбираше од маслинките, како да зоба грозд, туркајќи ги кон него оние што ѝ се чинеа помали, макар што сите горе - долу беа еднакви; а Грдан си налеваше во чашката само до половина, но секогаш кога ќе погледнеше му се чинеше дека е празна, како да истекуваше од дното.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Застаната пред затворената порта, со патерицата сѐ уште под левата мишка, ги потокми трите прста од десната рака и, носејќи ги кон челото, ја крена главата упатувајќи го погледот кон небото по што се прекрсти.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Ова е казна,” рече, и ги згрчи прстите во тупаници, полека поткревајќи ги кон главата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Јас сум казнет со оваа стравична празнина,” рече, и, наведнувајќи ја главата, удри со челото во тупаниците.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека цевките заканувачки вперено зјапеа кон нив, јас претрчував од клупа до клупа и ги собирав пушките фрлајќи ги кон нозете на учителот и Сандрета.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Изрошкавме низ нив и принесувајќи ги кон месечевата светлина да видиме што книги се, пикнавме по неколку под палто.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)