ги (зам.) - тело (имн.)

Како што ќе раснат, ќе почнат да го препознаваат Милан и ќе почнат да трчаат кон него во голем златест бран, бесно потскокнувајќи на своите жолти ножиња, нишајќи ги телата и мрдајќи ги главчињата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Биени од небо и земја, прескокнувајќи ги телата на убиените и ранетите, подуените мрши на мртвите говеда чии црева беа растурени на патот и ливадите и постојано придружувани од тоа ужасно викање – бегајте – ги врвевме беспаќата кои водеа кон границата со Албанија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Селанки голи се капеа во реката, брзо езерце со песочно дно, смеејќи се со крици и покажувајќи си ги телата една на друга облечени во бледило од кое никнуваат поцрнети глави, раце и листови.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Штом ќе ви јавиме, заминете таму и соберете ги телата на мртвите.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)