ги (зам.) - стиска (имн.)

Додека ги стискал забите како да сакал да ја задржи во себе силата на животот ( не земај ми ја душава, можеби можел да шепоти своја молитва, додека не ти принесам курбан), негде, не можејќи да определи каде, умирал ранет војник и пеел на турски за мајка и за дом по кој се копнее.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
— Што, како? — Така и така, велам и си ги стискам нозете, се стегам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ушите никој не ги стискавме со прсти, туку нестрпливо го очекувавме пукотот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ѕиркаме низ френгиите*, ги слушаме нашите мамки и ги стискаме пушките.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)