ги (зам.) - рака (имн.)

Испружи ги рацете нанапред! (Му ги става лисиците и го врзува за шипките на креветот) Сега си мој, Лобо!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се чинеше дека и парализираните дрвја се нишаат заедно со нив. Маргина 37 79
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Така!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Меѓутоа, тоа не беше човечки танц, туку танц на непостоењето; тие дури и не ги чувствуваа своите движења, потскокнувања и своето дивеење; но „нешто“ сепак танцуваше во нив; тоа беше нивното суштество: грутка непостоење, којашто тие на неодгатлив начин ја чувствуваа, неподвижен пискот на исчезнување, лешинска бескрајност; и сето „тоа“ хистерично се тресеше во нив, завивајќи и потскокнувајќи, вртејќи се околу себе и подигајќи ги рацете кон ништо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А прекасно беше: застана крај прозорецот трнејќи ги рацете: - Снег денеска, деца!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
— Иде, побратиме, иде и ќе дојде сигурно, но треба троа и запињане, не само така, скрсти ги рацете и чекај од бога топли сомуки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Штом се најде во широкиот трем од плевната кон него се втурнаа кучињата, плеткајќи му се во нозете, лижејќи му ги рацете.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Мораме да ѝ ја истиснеме водата! - со необична сигурност во гласот рече Денко. - Триј ѝ ги рацете и нозете!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Насетувајќи ја неговата намера, кучињата со трчање, вплеткувајќи му се во нозете, лижејќи му ги рацете, весело трчаа по него.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Држејќи ги рацете во крзнениот муф по цел ден клечеше пред мапата на Западна Австралија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
" Перо стана и пак зацапа во водата, клекна пред неа ладејќи ги рацете во водата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
" рече Перо спуштајќи ги рацете до дното и таму факајќи два камена со желба да ги здроби.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Го враќа перото во шишето со мастило, повторно го опфаќа цртежот со поглед, потоа, држејќи ги рацете на грбот, шета низ одајата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мирче: Реков, ама сега не сакам. Погледни си ги рацете!
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Мирче: Чекај, ќе го најдеме, само покажи ми ги рацете!
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Подај ги рацете. Ме истепа и ме избута од канцеларијата довикнувајќи ми весело: - Ќе те набркаме од гимназијата. А ти после оди со своите Црни браќа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Помина подгрбавен селанец. Едно од децата притрча брзо, го повлече неговото магаре за уво и избега ширејќи ги рацете како да лета.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој кадравко беше неуморен во играњето, трчаше по децата, лаеше со танок глас и ја туркаше тапата муцка во нив лижејќи им ги рацете и искажувајќи го своето другарство на свој начин.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- А ти што се мешаш? се налути Кузман вадејќи ги рацете од џебовите. - Јас не се мешам...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
“Ууух,” рече тој, стегајќи ги рацете на уши, “што е ова, по ѓаволите?
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Јастребот колваше како разулавен, колвајќи му ги рацете до раскрвавување на нежната кожа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ја прегрна, широко обвиткувајќи ги рацете околу неа, како никогаш порано.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
„Ќе дојдат и вашите браќа,“ додаде, вртејќи се кон Клара и кон мене. „Нека дојдат,“ рече Клара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некои се лажеа себеси и другите: “Ние сме овде на пропатување, знаете, остануваме во хотелов само денес, а веќе утре,” и покажуваа кон некаде со рацете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Сите влезници се веќе распродадени,“ рече доктор Гете задоволно триејќи си ги рацете една недела пред одржувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Многумина од оние кои беа присилно донесени во Гнездо, бараа да бидат пуштени; некои молеа тивко, склопувајќи ги рацете пред докторите или паѓајќи на колена пред нив, некои пак врескаа молејќи, некои се закануваа: “Ќе ве испратам сите во пеколот,” извикуваа оние кои веруваа дека се богови, богови само за кратко паднати на земјата; оние што беа уверени дека се големи војсководци кои се сега затворени од противниците, се закануваа дека, ако не бидат пуштени со добра воља, штом одново ќе дојдат на власт ќе се осветат; а имаше и такви кои се закануваа со нешто едноставно – дека ќе им ги свиткаат вратовите на докторите, или ќе им ги прободат телата со нож.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ноќе, при јасно небо, седнува на чардакот или во дворот и, ставајќи ги рацете под главата или потпирајќи се на коњско седло, гледа во ѕвездите проучувајќи ги и проширувајќи го знаењето што му останало од татко му.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Си посегнал“, реков попусто тргајќи ги рацете од клештите на неговите прсти.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Симон Наконтик, патник кон својот крај, повеќе тоа отколку судија и правда, се крстел со брзи, исплашени движења.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Настојувал да го слушаат, гласот му бил строг, пепелав, сличен на неговата мовеста кожа. - Прекрстете му ги рацете врз гради.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Што ти е, млад песу? Да не сум посегнал по твоја невеста?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Подавајќи ги рацете во празно, посакуваше сила за миг да ја допре надежта за таа да му го покаже патот за излезот од лавиринтот на тагата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Така ми шуми во главава, вели. „- Ти шуми во главата, вели мајка ѝ.“ -Гледај, вели Ѓувезија Дубровска подавајќи ги рацете.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Некоја болест ми се качила на главава и го слушам мрдањето на влакната.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ги допираше со своите облини, се виткаше пред нив создавајќи им вртоглавица, зашеметеност; лудуваа тие по нејзините испружени раце, по нејзините растреперени и игриви делови на телото, по нејзината долга, развиорена коса како гривна на ждребица; лудуваа и кога ќе почнеше да се крши пред нив, да игра и да потскокнува ширејќи ги рацете како крилја, како да сака да полета.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Затоа косата и изгледаше уште позлатеникава. „Ајде“ , и пријде Отец Симеон барајќи и наоѓајќи во нејзините очи златни дамки. „Како би било сам да патуваш?“ праша Мирон и зачекори кон нив со закана одлепувајќи ги рацете од гради. „Не би било добро,“ рече Отец Симеон.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се заврте кон нив и се протегна подавајќи ги рацете кон таванот. Високо е, откри. И широко.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Стоеја потпрени еден на друг и се срамеа. „Остави го, Мироне“ , рекоа. „Тој е сакат.“ Во очите им лежеше лилава меланхолија и молеше - остави го Мироне, а тој, насилник со жед на сувите усни, уште еднаш праша со закана крстосувајќи ги рацете на гради: „Што сакаш ти?“ На ниското чело можеше да му се прочита дека знае да биде до крај безмилосен кон противниците.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Петар го подигна шеширот и ги поздрави двете млади дами бакнувајќи им ги рацете, а со Томаица разменија значајни топли насмевки полни со нежност.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Сега намести ги рацете околу мојов врат. Ќе те носам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Пропаѓам полека, но сигурно. Дај ми ги рацете Нино.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се свитка во клопче, ставајќи си ги рацете сплотени со дланките меѓу колена, навика останата уште од детството, кога со грбот ќе се залепеше до градите и стомакот на мајка си, чувствувајќи топлина и сигурност како да е во нејзината утроба. Набргу потоа заспа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Пропаѓам полека, но сигурно. Дај ми ги рацете Ема. Задржи ме ако можеш.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Јас не се плашам од својот разум, јас се плашам од својата душа,“ ѝ реков ставајќи ѝ ги рацете на рамена.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Задржи ме ако можеш.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Составете ги рацете над главите. Не допирајте се еден со друг.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ден шести: Дојде човекот со здив на битие сочинет од сè она горе и сè она долу Ден седми: Бог го виде сето тоа И, прекрстувајќи ги рацете, рече: Нека биде вистина, вечна вистина зашто само едноставноста ме воскреснува.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Анѓа се осмели да го погледне овој силен Турчин и просто си го виде својот сопствен сурат во неговиот и веднаш се вџаши, па почна да мрда со устата, ширејќи ги рацете за прегратка и вртејќи се кон него. – Ан... Ан... Ан... нгеле, брате!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Бев сам со Мајка. Таа ги отвори сосема очите и, стегајќи ми ги рацете, со тажен глас ми рече: – Сине, толку беше моето!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Излези и стави ги рацете на влажен камен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Марија, сакам да го милувам прстенот на твојот прст. И да ги рацете на топли костени в џеб.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Бремето го повлече кон грубата калдрма и тој, не ширејќи ги рацете и не барајќи со нив потпир во воздухот, невешто, скоро театрално падна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Рацете горе и одби, - рече Љаке, ставајќи ги рацете на грб и развртувајќи се важно со горната половина на телото.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Шишман, подрасчекорен, зинат во братучедот, со ококорени очи повтори: - Вака, - рече и фрлајќи ги рацете нагоре свика: - Се предаваме, се пре..... - Не викај! - спиште Србин.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Добро утро, - рече човекот триејќи ги рацете пред себе и гледајќи околу како да бара нешто.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тогаш Шишман онаков несмасен и несмасно пречекори напред ширнувајќи ги рацете, го собра Љакета во прегратката со целата негова расфрланост и го стегна качејќи му го глуждот во крстот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Вака, - рече Србин кревајќи ги рацете со велата крпа во десната рака.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Целиот се разблази и подавајќи ги рацете за прегратка кон Љакета туку рече: - Пусти Љаке, - рече и ќе му се обесеше на вратот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Крени ги рацете.“ „Но, што...“ се обиде тој.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ах, поткровјето е темно, пријателско место, преполно со Времето, и ако застанеш токму во неговото средиште, мирен и исправен, со втренчен поглед, мислејќи и замислувајќи, насетувајќи го Минатото, исправајќи ги рацете пред себе за да ја почувствуваш Дамнешнината, тогаш зошто не...
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Крени ги рацете или ќе пукаме!“ Полиција, секако. Но, колку е тоа ретко и скоро неверојатно.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Работев цело утро“, рече таа, ставајќи ги рацете на своите вити слабини, „а ти не сакаш да помогнеш? Грми, значи, ќе врне.”
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Сепак, посоветувај ја девојката дека саможртвата не се исплатува – продолжуваше со советите Грофот без да си ги измие рацете – таквите истапи, како нејзиниот, доведуваат до прераспоредување на вината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А ако си принуден да го сториш под присила тогаш измиј си ги рацете, како оној несреќник Пилат!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Застана крај прозорецот и триејќи ги рацете, рече: „Снег денеска, деца.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
- Што си направила, неспособна една! - Извини, извини, извини... - пелтечев, горејќи си ги рацете од тавата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не знам дали ми рече така.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Побриши, побриши и собери си ги рацете в уста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но што да правам со спиењето: само што си се завиткал и шпиончето ќе се јави: — Рацете горе, извади ги рацете!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Кренете ги рацете!“ викна директорот Миле.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Еј, невини луѓе, во небо што гледате и се молите, свртете ги рацете нагоре, сонцето впијте го, месечината во коси нека ви заигра, ноќта кога ќе се спушти ветрот нека влезе во вашите пори низ крвта нека развиори.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Фати ми ги рацете... Водени се од пот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дај ми ги рацете. (Пауза) Дај, дај.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
МИХАЈЛО: Јас сум Михајло. АРАМИЈАТА: Крени ги рацете.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Ајде, измијте ги рацете, - ни се обрати на двајцата, - ќе ви пресечам од питава. Со зелје е.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Починете ги рацете од работа, очите од солзите, а умот од мислење.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Мирче: Чекај, ќе го најдеме, само покажи ми ги рацете!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Мирче: Реков, ама сега не сакам. Погледни си ги рацете!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)