ги (зам.) - нога (имн.)

Вешто се подигнува, скокнува и го опчекорува.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тие скокаат горе-долу, многу брзо исфрлајќи ги нозете.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета: На стомак, душичке! (Лобо послушно се свртува) Рашири ги нозете!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Долу на огромните подиуми за игра се туркаат стотици - не, илјадници - млади мажи, дури момчиња, облечени во сјајни оклопни одела и со избричени глави.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Цеце: Не сакам опери, јасно?!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мими ги симнува гаќичките и легнува на хаубата ширејќи ги нозете.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се симнав по скалите, спуштајќи ги нозете така што да не правам тропот, божем постоеше некој кого би го разбудил и, по патот што нагорнуваше, отидов до местото каде што беше бунарот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Оној што беше последен во редот, не поместувајќи ги нозете, почна да ја подава главата напред.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Со мака се исправи и бавно, одвај извлекувајќи ги нозете, дојде до лопатата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ги напна мускулите на рацете, се крена одлепувајќи ги нозете од рамењата на Денко и се префрли преку работ на карпата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Оној што беше последен во редот, не поместувајќи ги нозете, почна да ја подава главата напред.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Видов и подобра - тивко одговори човекот, со мака сместувајќи ги нозете поудобно.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- И, како работата? Добра е?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Смешно фрлајќи ги нозете во скинати калоши натака-навака минуваше покрај дуќаните и на свој начин тргуваше покажувајќи ги гипсените фигури: - Народе, една златна помпадур - две чашки ракија, Толстој, гроф и писател, и неговото величество Александар Први - три чашки...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Влечејќи ги нозете по нерамната калдрма Петар тивко ги поздравуваше и со накривена глава го слушаше нивниот разговор.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Јадеа и излегоа од мензата и одеа околу една миља по песокот и чакалот, влечкајќи ги нозете без збор, пуштајќи сонцето да ги пече врз темето, преку облогите за шлем што ги носеа.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Си ја подметнува перницата под главата, се испружува, прекрстувајќи ги нозете, шеретски ме погледнува: - Знаеш ли дека на моите сè уште не им е јасно како тоа нивната мила, воспитана ќеркичка одбегна од неприкосновената, замислена иднина и се преобрази во црна овца на семејството.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ајде, Трајане, си велеше, фати си ги нозете, дупни ја и вид-невидело...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Луѓе, викам, ако го сретнете некаде господа, викам, убијајте го, не мислете му ја, искршете му ги нозете, изгазете го, викам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се исправи со здрвеното човечко тело преку рамо и, несигурно подавајќи ги нозете, појде кон далечните бачилски колиби.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И што ќе ти ми рече: „Земи си ги нозете и бегај од куќава, додека не сум зел дрво да те избијам... и така натаму.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
РИСТАКИ:: Но не само тоа што немаш чест да седнеш, туку еве ти велам: земи си ги нозете и бегај додека не сум зел дрво да те истерам.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
РИСТАЌИ: А тебе штом ти е мака, земи си ги нозете и бегај одове.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Таа крикна и побегна кај мене; во образот на девојката црвено се беа втиснале два реда заби.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Еј брате, еј сестро!“ извика коњушарот, а два коња, со големи и силни бутини, се туркаа еден од друг, притискајќи ги нозете кон телото, ги веднеа убаво обликуваните глави како камили, па единствено со силата со којашто ги свиткуваа своите трупови тие се протнуваа низ отворот од вратата, што целосно го исполнуваа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во следниот миг игравме валцер на техно-транс, кој следуваше на репертоарот, необично складно движејќи ги нозете.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Се исправи со здрвено човечко тело преку рамо и, несигурно подавајќи ги нозете тргна кон далечните бачилски колиби.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не знаеше за себе, како умрен со расчепена уста! и им го сврте својот убав и дебелкав газ, се наведна да крене нешто, откривајќи ги нозете до бутовите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
„Ме исплаши“, рече прибирајќи си ги нозете една кон друга и загрнувајќи ги со полите од бањарката, подисправајќи се на тоалетното столче од што задникот пред моите очи како да ѝ заигра, предизвикувачки, како да ѝ се смали и да ѝ стана поподатлив за моите веќе полакомени дланки.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едо, здогледувајќи ѝ ги нозете над коишто високо се вишеа нејзините рамена, почувствува во себе некоја сила што чиниш сакаше да го фрли кон неа како ѓулето од топовската цевка кога ќе прсне капислата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Потоа, на столиците зад него, седнаа двајцата милиционери при што видливо се завалија спружувајќи ги нозете на двете спротивни страни како да сакаат да покажат дека тие со оваа работа немаат никаква врска и не кријат дека ќе им биде здодевно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Уморно влечејќи ги нозете дојде до бифето и ја крена слушалката.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- поздрави Кире.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Побрзо, побрзо, - вика Коста, држејќи ги нозете сплетени под своето седиште.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Сега надолу, другари, како во, напад, напред, другари!!! - викна Коста, држејќи ги нозете под седиштето. – Уште малку, уште малку и победата ќе биде наша... – се смееше тивко.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Измиј си ги нозете зашто ти смрдат како селско буниште.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Арно реков јас уште вчера да те прекомандувам, туку си реков, нека остане.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тукушто ќе избега од нив, еве ги тркалата на некој автобус, еве ги нозете на некој минувач или количка на некое бебе. Ах, каква брканица!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
— Собери ги нозете, рашири ги нозете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оди, побарај ми ги нозете, вели и од устата му паѓа насмевката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Третата вечер беше невозможна, никако не можевме да заспиеме, стави ги нозете наваму – ти пречат, рацете – ти пречат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Се сеќавам, еднаш, тоа одвратно огледало се запна да ми докаже дека ушите ми се клапушести, еднаш пак дека морам веднаш да искубам половина од влакненцата од веѓите, зошто такви какви што ми се ме прават да личам на був, а пак едно утро, ох, ужас!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Понекогаш се случува да се посомневам во неговата искреност и да помислам, разгледувајќи си ги нозете, дека и не ми се баш толку никакви туку, напротив, дека одлично ми стојат куси фустанчиња и костими за капење, но тамам во тоа ќе се уверам, ете ти го огледалото, сѐ ќе стори да ме разубеди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ајде доста нè тормозевте! – свика чичко Коче. – Огне, оди измиј си ги нозете и право во кревет, доцна е!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Е па, овој, ама е досаден – негодуваше Огне и од место не се помрдна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)