ги (зам.) - збор (имн.)

И потоа го замислував како да го слушав како малку фалбаџиски им раскажува на луѓето сред село употребувајќи ги зборовите што сега јас му ги ставав в уста: "Бурнав на портата кај него, како секогаш без теклив, да влезам кај братучедот Методија, ама портата однатре затворена, а и резето однадвор не е ставено.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кучето едновремено заигра и со главата и со опашката чиниш одобрувајќи ги зборовите на господинот Гроздановски, а госпоѓа Гологанова рече: „Јас за таква раса кучиња не сум ни чула...“ „Ни јас“, рече домаќинот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
ДЕПА: Со здравје да си одиш! Паметувајси ги зборовите!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Обиди се да објасниш што точно чувствуваше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Задржи се малку повеќе на секоја поединост: какви биле твоите размислувања во тој момент; евентуалните желби.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не жали ги зборовите; хартија има доволно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
“Што ќе ви е Гертруда?,” праша жената, шушкајќи ги зборовите низ штрбата вилица, и минувајќи со прстите, како со чешел, низ неколкуте прамени коса на проќелавената глава.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Сакам да поразговарам со неа,“ рече Рајнер. Жената покажа на столчињата покрај масата, и ние седнавме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Велат така го советувал нивниот рабин, повторувајќи ги зборовите на Хилел: „Не издвојувај се од заедницата!“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ја сака оти изговарајќи ги зборовите на Јулија, Беатрис, Корделија таа станува голема, колку и генијалниот Шекспир.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но, сега сакам да ви кажам нешто што тогаш, не ви го пренесов, неуко преведувајќи ви ги зборовите Негови.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Вистина е“, започна тој, тешко преметкувајќи ги зборовите низ устата, полупијан, барајќи ги оние вистинските, политички неутрални, за да со нив да ги затскрие сите пцости што му се роеја во главата, „вистина е дека вековниот сон на Македонците беше да имаат сопствена држава – Македонија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Со острилото на мечот, открија љубовта сокриена во скротива карпа... ’Рти ново искушение од невистини слушни ги зборовите неизречени со клучалката пред темен понор...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Младиот човек на нашето време треба да биде истото што и морската труба: преземајќи ги зборовите од еден крај, веднаш да ги пренесува на другиот; колку што посмешно умее да прераскажува, толку повеќе памет му припишуваат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
7. Чувај се да не бидеш скромен инаку ќе наведеш на мисла дека нема што да речеш, а тоа е голем недостаток.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Еден очаен Убиец на покриви маваше со тупаници по автомобил, пермутирачки повторувајќи ги зборовите: „Ќе ја убијам, брате, ќе ја убијам!“
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Извади ги зборовите од целофанот и напиши ги повторно.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Имаше застарени турцизми кои ја будеа филозофската вокација на Татко и Камилски, и тие тогаш, толкувајќи ги зборовите од нивен агол, како да ја забораваа договорената мисија да ги означат (без)опасните турцизми за иднината на балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зборот касмет, со сите свои деривации, богата и разновидна фамилија беше еден од таквите зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- праша, брзо изговарајќи ги зборовите, од страв да не се прекине телефонската врска.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Човекот беше мртов, но не и синеастот, бидејќи неговите филмови, реализирани со големо внимание, со посебна страст, но крајно скриена, со помош на техничките вештини, Margina #21 [1995] | okno.mk 17 со емотивност, нема да престанат да кружат, распрснати по целиот свет, натпреварувајќи се со новите продукции, спротивставувајќи му се на забот на времето, проверувајќи ги зборовите на Жан Кокто упатени кон Пруст: „Неговото дело продолжи да живее како часовниците на зглобовите од рацете на мртвите војници”.  Алфред Хичкок е роден на 13 август 1899-та година во Лондон, Англија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Ах“, рече човекот од редот. „Еден ден ќе дојде некој со мечта и ќе ја обнови. Ви велам, запомнете ми ги зборовите. Некој со срце.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Особено од моментот кога беше спомнат Сремскиот фронт.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Овој беше таму кога ѝ реков: молчи мори, не арчи си ги зборовите, денес ќе престанам да пијам пиво, поминувам на бира Господ Саздов постојано се меткаше, како да сакаше нешто да рече.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
По враќањето од пазар, мајка ми, прескакајќи ги зборовите, пренесе дека неколку групи на жолти пци одеднаш нападнале некои зафрлени села во западните планини.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Сакаа кога тој велеше, “Само кажете ми ги зборовите што сакате да ги чуете и јас ќе ги кажам.”
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кон тебе викам зашто Ти ќе ме чуеш, Боже; приклони го увото Свое кон мене и чуј ги зборовите мои...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Циљка стишува глас, за миг прекинува, па вели: 105 - Ете, така се крстеше дедо и се молеше со овие зборови: - Господи - со тивок, скоро потулен глас изговара Циљка секој збор - кон Тебе викам, зашто Ти ќе ме чуеш, Боже; приклони го увото Свое кон мене и чуј ги зборовите мои.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За пример да кажам, број му ги зборовите и нема да изброиш повеќе од десетина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
БОЖО: Повлечи ги зборовите!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Може се променил. Затоа земај му ги зборовите за точни дури отпосле.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)