ги (зам.) - го (зам.)

Те нишанат - таа се радува, Се кикоти кога тагуваш, Вистината ти ја подлажува Сонот ги го поткажува.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
И мравките, ене ги го изнесле својот одвишок од храна да го потсушат на благото сонце да не им се расипе од зимошната влага, а мрзливиот штурчо дебне отстрана да може да крадне некое и друго зрнце, оти прегладнел за овие три четири месеци лежење под снегот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Киријата му ја плаќам преку некоја негова братучетка, која тука доаѓа да ја земе еднаш месечно – му објаснува Л.А. на патникот меѓу два забиберени залци – Дај ми го палецот да ги го посолам.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И додавајќи дека сето тоа било точно запишано, точно како што се еден и еден два, во тефтерот Акиноски, кој тој лично не го видел но од друга слушал дека постоел, вели Шоона, не знаеле ли старите наши како што знаеме ние денешниве, кога се збратимувале да со едните де со другите, дека ако ти го извади брат окото, има да ги го извади најдлабоко што може да биде?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кутрата, сигурно ќе се препоти внатре, олку покриена, не ќе може ни да дише, но што да се прави, тоа беше единственото што на брзина му падна на памет.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Стрчна на огледалото да ги го види пубертетот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
За Вардариште - знаеш: носот мораш да ги го затинаш, прозорците да ги затвораш, да се престоруваш - не смрди - туку мириса, или да се надеваш - денес ќе сè доимсрди - а утре ќе е поинаку!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)