ги (зам.) - шири (гл.)

За мене се зборуваше дека сум претседател на клубот на самоубијците, па од некои кретени бев обвинет за некакви ритуални печења на бебиња во рерни!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Не знам само кој ги шири тие невистини?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Краста (Ја гребе крастичката на долната усна): Глупости! Тоа го има само во бајките!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На тој кој ги шири тие гласини му порачувам малку да запре!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Елеазар бен Цви ги шири ноздрите и речиси го впива мирисот на сѐ уште свежата кедровина што се шири во Храмот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И кога грееше и кога вееше Тој гол влегуваше во планината, ги ширеше рацете како гранки и веруваше дека еден ден сосема ќе се поистовети со стеблата, ќе потреперува и ќе размислува како нив.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Исто така бевме и големи љубители на LSD, така што често муралите што ги плескавме ги ширеа и отвараа ѕидовите, а публиката на нашите перформанси се претвараше во кокошки, зајци и мали сиви полски глувци. Беше забавно.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Можеби е малку нападен, но тука е да ги шири портите на она што значи “медиј”.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Данче посилно ги шири рацете. Поживо игра со нозете.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Девојчето ги ширеше рацете, ги креваше празните стомничиња, како да сакаше да летне.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
5. Таква е, гледана однадвор, пуста и ненаселена, наваму од крајот на последната Голема војна, односно наваму од принудната колективизација, и нешто потоа, откако ги зафати луѓето емиграцијата, таа самоникната и безимена потковица среде Бакарно Гумно, која, спуштајќи се благо по голите падини на ридиштата, на запад и на југ, сè до мелиорацијата (пред десетина години ја извршија доброволно младински работни бригади; покрај бесплатна исхрана, работничка облека и плускавици на дланките, младинците имаа и задача да ги шират меѓу себе љубовта и братството) се преточува во ливадско земјиште (сега сушно и неплодно) испресечено со мртвици и блата кои, пак, се вливаа во Црна и во кои заедно со стотици видови барски и преселни птици живееше и лошиот дух на маларијата, а на исток и на север, односно на североисток и на северозапад, сѐ до мариовските планини, односно сѐ до Прилеп и сѐ до крушевските планини, во житница и тутунско поле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„А јас решив ете, со отворени карти!“ ми одвраќа таа, го потсилува пламенот на газјената ламба и бесрамно ги шири рацете и и се покажува на месечината но и на оние петшестмината сладокусци под прозорецот. (Оние, потписницине на нејзинта пријава).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И така во слика и во зборови како во убаво замислен филм го изведе сето она што го имаше опишано во нејзиното писмо со пет потписи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На полјанката каде растеа имаа простор да раснат и да ги шират своите гранки.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
А имаше толку многу земја околу нив низ која можеа да си ги шират корењата и да црпат животни сокови.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Потоа пак гледа во своите раце, ги шири со дланките свртени угоре, како да одмерува нешто тешко, па додава: - Знае мојот Ванчо дека тие чесно го хранат и раснат!
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ги ширеше рацете и ја должеше шијата говејќи се, како ми се стори, да закукурига.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ме догледа и пискотливо ме викна додека ги ширеше рацете како да ме пушта внатре. - Ти бегај. Носиш мачка со себе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сане, сѐ уште стегајќи ја на градите кожената чанта, со некаква скриена почит кон својот пријател, влегува и Саздо веднаш го здогледува па ги шири и рацете.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
САЗДО: Уште не си дома? Невена со сукало ќе те отепа.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
-Како, бре? -Ги шири очите ако му треба уште.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Со негово сопствено одобрување, тој не го допира животот слободно, не ги чувствува зраците што невидливо се пробиваат во него однадвор, и не ги шири слободно своите зраци нанадвор, од бисерот на неговаата школка.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Така ќе ја шириме, како што ги шири мирисот цветот на јасминот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Голем дел од дезинформациите за наводните напади на комитите, по сѐ изгледа, ги ширеле заинтересираните муслимански кругови.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Профим го стега коњот за оглавот да не мрда; Царјанка ги шири рацете и им забранува на сестричките да истрчуваат пред коњот; по скалите трча Профимица со капчето в раце за да му го стави на Скрче; но сликарот чкрапнал, та сè е фатено во една подготовка за сликање; петта фотографија: пак Профим, жена му Профимица и синот Скрче, но сега малку потпорастен; во рацете држи свеќа; зад нив е црквата, околу нив гробиштата, расцутен јоргован, неколку деца што се бркаат со запалени свеќи в раце за да си ги потпалат косите; некое дете во мигот на чкрапањето е фатено одзади каде што им се исмејува со издолжен јазик; шеста фотографија: фотографијата е направена во сликарско ателје во градот: на стол седи Профимица, в скут го држи Скрче во морнарски алишта, до неа седи Профим, потпрен со раката на нејзиното рамо и облечен во градски алишта што му ги позајмил сликарот за сликање; зад нив кулиса што претставува богата градска одаја, украсена со слики, голем ѕиден саат, на ѕидот распнат персиски кавијор со лав чијашто глава со разината уста се наѕира меѓу Профим и Профимица; на Скрче главата му е помрдната при сликањето и изгледа како да е двојна или како да се гледа низ матни очила; седма фотографија: сите деца заедно: Царјанка, Андромеда, Девица, Венера и Скрче; девојчињата држат во рацете китки цвеќиња, а Скрче мало кученце што не седи мирно; сликарот доближен до нив повеќе отколку што треба, не ги фатил сите убаво: Царјанка, која е на едниот крај од сликата, ја фатил половина, како пресечена од главата од петиците; уште тогаш Царјанка сакаше да ја скине сликата, но татко ѝ Профим не ја оставаше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И луѓето тие денови забораваат на гробиштата, истрчуваат пред селото и го пречекуваат Лоте со музика, со свирки, шиштат свирачите околу него со свирките што им ги купи за да свират весели песни, а не тажни и погребни; им лепи Лоте на челото пари, шетаат шишињата со пијалок од уста на уста, ги шири Лоте рацете како птица кога лета, одѕвиваат песните, до небо се креваат; излегуваат луѓето по прозорците и балконите, го поздравуваат Лотета, му мавтаат со раце, истрчуваат и му се придружуваат, се множи распеаната врволица и селото добива весел и празничен изглед.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тој се подава напред, кон него и ги шири воденестите зеници.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И трга од цигарата, ги шири градите, ги полни со чад, му прави место на чадот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги шири рацете, како крстот господов и не може да си ги собере.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
таму се и убиените Јане Крстин и Пеце Дановски, обајцата синооки и високи меѓу дрвја, загинале, биле закопани, станале да докажат дека никогаш не биле покосени од пушка: таму е и Круме Арсов со црвено брадиче и во светечка одежда, пиел крушова ракија и горел, се родил од пепел да нѐ најде и да ни каже со каква љубов човекот може да го освои светов, тој или Неделко Шијак, или обајцата со кренати раце кон млечниот поток на ѕвездите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никаков господ не создал толку птици колку што се над петмината оживеани и никаков господ не го качил толку високо вчера обесениот Јаков Иконописец - ги шири рацете, лета, на светов му се нужни нови светци, а тој е светец од оној ден кога во песокот на рекичката Давидица ја закопал мртвата глава на сиротинскиот доброчинител Селџик-бег што ја симнал од кол пред Али-беговата воденица во која еден Ариф Исмаил од Анадол може да сомеле и жито и камен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но Цане не престануваше. Се потпираше на црковниот ѕид, ги ширеше проѕирните ноздри и клокотеше како да прави гаргара. - Хи-хи-хи... Оф, ќе пукнам... А на носот роса...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Станува и со рачната воденичка меле кафе: собата се исполнува со нејзиниот звук и со опојниот мирис на кафето што му ги шири ноздрвите и му го надразнува желудникот; потоа се слуша клокотењето на водата во ѓезвето.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Свиркаше нешто тихо и ги ширеше рамениците во мракот чувствувајќи се страшно мускулест.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Му намигнуваа на Отец Симеон и се кривеа а тој ги ширеше очите да сфати и да впие нешто битно во себе, нешто што ќе ја измени таа вечер во чудо невидено: „Не наденувај се на туѓи рогови“, му рекоа браќата на тој што дојде.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го подигнаа за раце, му ги ширеа градите, рацете ги удираа од ребрата за да предизвикаат вештачко дишење. Ниту трепет.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Фасадите потпукнуваат почесна стрелба, ги шират своите цврсти ѕидови... минуваат купишта луѓе, креатури од далечните ѕвезди, виолетови каскади... продираат во ѕидовите, заканувајќи се тонат во асфалтот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И додека пред три години го гледав во далечината приближувањето на Галеб, тој во далечината ми се виде токму како птица, која доближувајќи се до брегот ги шири своите крилја, се престорува во лаѓа, па во голем бел брод.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Можеби само Јасер Арафат беше исклучокот. Тој веруваше во воскреснувањето од падовите...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Основниот модел, на новите елитни војски составени од туѓинци, ги шират Римјаните.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
14. УБИВАЈ СО ЛАФ, А НЕ СО ПУШКА - тоа ли е тринаесеттата заповед за денес, ги шири некој рацете божем да те гушка, а гледаш: ти го плете надгробниот венец...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Кокошките ќе се раскокодакаат, ќе претаат со нозете, ќе ги шират крилата, ама не ќе можат ништо да сторат, ќе дозволат да бидат однесени во просторијата под плочата каде што Чана веќе приготвила легало за неа и за нејзините пилиња веднаш до другата просторија во која ја смести својата мајка , нејзините бовчи и себе си.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Одмавнува со главата, ги шири рацете, и така исчезнува од сцената.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Влегоа во црквата и игуменот задоволен што покажуваат интерес, почна да им ги покажува фреските; ликовите, сцените, композициите исликани од даровитата рака на вдахновениот мајстор Трпо зографот; извонредниот лик на Христос Седржател на параклисот со Божествената литургија во која учествуваат и ангели, носејќи свеќи, кадилници и рипиди; потоа фреската на Богородица која го држи малиот Христос в скут и ги шири рацете спасувајќи го небесното и земното царство; фреската на св.Козма Поет, старец со долга бела коса и брада, со свиток во раката воспевајќи ја мудроста на книгата, духот на творецот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Цветот се повеќе ги шири своите латици, ножот сигурно патува во мека врелост и од соковите на еден живот црвен е до своето грло.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се навалува над прозорецот. Ги шири рацете.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Проедросот почна да ја врти главата и да ги шири рацете, гледајќи го Котета чиниш се чуди што да прави со овие што не му помагаат да им помогне.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тој ги ширеше градите и дишеше од свежиот планински воздух.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Дури и рацете на моменти ги ширел.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но, тие трчаа, ги вртеа лицата кон небото, чувствувајќи го сонцето на образите како жешка греалка; ги соблекуваа палтенцата и ги ширеа рачињата на сонцето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Петелот сосем се избезумува, креска, ги шири крилјата и трча од еден до друг тротоар.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
На свијоците ги шири крилјата како авион, скока и креска колку што му држи гласот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Сепак, знае дека Ана е свесна за неговото присуство, како божемски случајно, потврдувајќи го со главата тактот на валцерот, бавно ги шири нозете, потоа, со познат блесок на женски тријумф во очите, ги повлекува краевите на сукњата надолу.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Музиката ќе засвири, а јас веќе ги поткревам рацете, ги ширам ко крилца пред полетување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Им ги шират искинатите крилја и плачат над нив.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го накреваат 'рбетот, го кострешат влакното и само ги шират убавите очи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Било сосема јасно дека партизанските водачи на ЕАМ и на Народноослободителното движење на Албанија "се комунисти и како такви ги шират нивните идеологии во реоните под нивна контрола", но тоа, според нив, многу се разликувало од "систематскиот обид, од страна на делови од некои централни организации, да го комунизираат целиот Полуостров".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според нив, не би можело да се изнесуваат "обвинувања против Русите дека го организираат ширењето на комунизмот на Балканот".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сум ги ширел рацете, сум се кревал над облаците, онаму каде што кружат орлите...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
БОРИС: Колку? МАТЕЈ: (Ги шири рацете.) БОРИС: Што би направил ти за дедо ти? МАТЕЈ: Сѐ.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Долго ме распрашува лекарот: од кога, како ме гледа, ми ги напипува прстите, нозете, главата а потоа ги шири рацете: Псориазис, вели, - облик на бесконечно скаменување приживе.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
А имаше толку многу земја околу нив низ која можеа да си ги шират корењата и да црпат животни сокови.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
На полјанката каде растеа имаа простор да раснат и да ги шират своите гранки.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Потоа пак гледа во своите раце, ги шири со дланките свртени угоре, како да одмерува нешто тешко, па додава: - Знае мојот Ванчо дека тие чесно го хранат и раснат!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)