ги (зам.) - шета (гл.)

Фани и Живко Паришко на кејот во Охрид И вечерва, како и сношти, елегантната двојка си ги шета годините, ем спомените крај езерската вода.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Цел живот ги шетав своите соништа и низ времето и низ просторот, им зборував, им подвикнував, им потпевнував како на најблиски и стоејќи простум и извишен над нив јас секогаш се чувствував и исправен и горд...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
А Лев продолжи да ги шета улиците, премостувајќи ги разликите меѓу светлото црвено утре и палеонтолошките вистини.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Еден ден, додека Томо и Рада ги шетаа околните ридови впивајќи ја природата, пред вратата на новиот дом меѓу раздвоените штици, Ружа забележа писмо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се повлеков, далеку од разгласот, од подиумот, од прасињата што со јаболка ги шетаат низ салата. Сватовите, сите убаво се испотија.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Глигор испитувачки ги шеташе своите големи смели очи по рапавината на Џемал-ага.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Одамна не сум возела велосипед, не сум во многу добра кондиција, но ќе се обидам. (Порано инсистираше да спомне дека „некое утре“, низ паркот ќе ги шетаме нашите деца, а сега ниту спомнува, ниту помислува).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- Да, паркот е убав на пролет, добро би ни дошло да повозиме велосипеди. (Да имавме куче или дете, или и двете, ќе ги шетавме нив).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Оние поединци кои го имаат посетувано училиштето за стравувања и стравотии или пак оние другине кои на панаѓурите навикнале да ги шетаат одаите на ужасите можат да се досетат како се чувствував.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Живот со многу, многу случувања, а сите потсетуваат на утринскиот воз што го истура она селско шаренило кое уште пред да бувне од станицата веќе знае дека треба да се вгнезди и век да векува овде, во градов!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А ти, другар Ѓурчин потоа мисли му ја каде ќе ја сместиш таа навалица и каква работа ќе ѝ понудиш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Добра, додека очите ги шета по Чана и бабата Петра, ги поткрева рамената, ја фаќа ќеркичката за раче и тргнува по него.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Малечката Пелагија ги има свиено своите малечки раченца околу вратот на мајка си, само очињата ѝ се свртени на кај жолтокафеавиот Мурџо, кој, врти со опашката како со кадела, ги шета очите лево и десно, повеќе нагоре, како да се во некој нем разговор со очињата на Малечката Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Мусо-ага, водачот, како мало дете беше ги шетал со мајка си сите овие села по работа – со решета и сита – та убаво беше ги запомнил, и патиштата, и обичаите по селата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А Ристе ги шета сокаците и пее - мангарче бара, јајце страчкино за лек дава.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И сега ги шета влечките кон балконската врата, со тихи зборови спори за своите измами додека килимот го впива шепотењето на истрошените чекори.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Љубезната ноќ ги шета белите инсекти од снег по улиците на темнината. *
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И така секогаш, било пролет или лете, есен или зиме, по големата караница меѓу Тито и Сталин, ние секогаш мислевме и чувствувавме дека ги шетаме козите последен пат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ги отвори очите и ги врти налево, надесно, ги шета низ собата. Се чуди, каде е.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)