ги (зам.) - шепоти (гл.)

молитва за спас Повторно Неизвесноста Темниот час И Повторно таа Песната Тивката Молитва За спас. кон песните Зошто болен Зошто тажен здив Зар ве навредив? звучно семе Слушам: Некој ги шепоти Моите песни Тивко, Распеано.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Додека ги разгледуваше Татковите книги според наложениот распоред, Климент Камилски си замислуваше како тие си ги шепотат своите значења една на друга, воспоставувајќи мост помеѓу минатите и сегашните времиња, како облик на оживување во сегашноста.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Хартијата шушка ко да ги шепоти нашите зборови што сме ги напишале.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги шепотам зборовите засекогаш, прв ден, вчера, а можев да речам и сега, па дури и штотуку, (ги шепотам без одредена намера, дури и без некое посебно чувство сите овие толку далечни и неодредени зборови) а сигурен сум дека тагата и немирот никогаш не почитувале временски и други определби.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем ваквите состојби, што ги предводи тагата и вознемиреноста, немаат дестинација, не знаат од каде доаѓаат, ниту пак каде и кога треба да запрат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Гледајќи ги луѓето- гаврани со своите уморни очи, навлажени со солзи, од старост или од жал, тој одеше пред полицаецот и свиткан под тежината на животните неволи ги шепотеше молитвите на своите пцости.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Пред Арсо Арнаутче се отворала со омајност златна и сина и сочна синоличка, и тој, од името на својата машкост што му била дадена од господа, можел само да се наведне под пролетна месечина и со жед на пустински камилар да срка пелур, потоа пијан од цветно вино да се закопа со чело во треви и да ѝ ги шепоти на земјата тајните на љубовта; во тој миг можел да биде уверен дека од земјата ќе шурне сребрена вода со чии капки светот ќе си ги излекува и очите и срцата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Всушност, бегал од себе како човек што ги знае туѓите намери и што ги претчувствува изгубените битки на човекот со жена и со три деца. Не, тој човек никогаш не отстапувал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Така се случи мојата коса да се престори дом за зборовите што ги шепотеше милувањето - се трудеше Јана да ја прераскаже приказната за една љубов што Зрновски веројатно ќе се обиде да ја игнорира со своето молчење.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А додека се враќаше изгледа продолжуваше да ги шепоти истиве зборови.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Вечен изгнаник, со перото-меч, а книгата-штит, Дарвиш во сиот свој изминат творечки живот ќе остане најсилниот глас на трагичната судбина на својот палестински народ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во сиот арапски свет како на колективна молитва илјадници луѓе ги шепотат неговите стихови, како заедничка молитва на судбината, во потрага по излез од фаталноста на историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тие нешта беа во мене повеќе од мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш во сонот ќе офнеше, како што офка болен човек, и јас се приближував до него, обидувајќи се да ги разберам зборовите кои ги шепотеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Откако ќе се разбудеше, тргнувавме кон атељето на некој сликар, за да прашаме дали ги запознал, дваесетина години пред тоа, сликарот Фридрих Рихтер и неговата сопруга, но никој од нив немаше чуено за нив, и она следно прашање: „Од кого тие го посвоиле детето?,“ остануваше непоставено.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас заборавав на себе: чекорев по улиците, ги минував мостовите, се загледував во реката, понекогаш го кревав погледот кон небото, седев на некоја клупа, навечер се будев и гледав во мракот; сето тоа го правев јас, но мене ме немаше, а Рајнер беше секогаш тука – помислата дека на една млада жена ѝ ги шепоти зборовите на нежност, претставата за нивните тела како се соединуваат, претпоставувањето на нивната иднина, онаа иднина за која некогаш мечтаевме Рајнер и јас – за вечна љубов, семејство и дом во Венеција.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)