ги (зам.) - украде (гл.)

А кој ги украл, а?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Зар таа ги украде?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Парите не ти ги украл тој. Тоа го направи друг.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Додека ја полнеше чашката, се решив. - Знам кој ги украде парите, гласно реков.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се заврте кон мене и иследнички праша кој ги украл парите.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Парите јас не сум ги украл. Јас кај вештеркава не влегувам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Кој ги украл? ги дигна веѓите и остана со отворена уста зачуден и во исчекување.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Не, вистина, јас не ги украдов парите.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кој ги украл парите? - Не кажувам. Не сум предавник, се инаетев.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Ти си ги украл парите од мајка му на Димка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Мене ми стана јасно зошто Лествичникот, во часот кога татко му умирал на рацете негови, ги украл двата листа од претсмртните ливчиња на Мида и само две ливчиња оставил за нас, другите.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ми ги украде годините во цутот на младоста...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
„Не отворај, мамо!“, рече од страв дека некој ќе ни ги украде минутите за нас.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Не сум ги украл. Мои се. И Белчо е мој.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Си ги украл. - Не сум ги украл. Мои се.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сигурно кога си сама помалку спиеш од страв да не ти ги украде некој парите.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Издивнувала мајка ѝ велејќи дека некој ги украл.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Допири нежни неповторливи на дното ги закопувам, да не ми ги украде времето...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Роботот ќе ползел до територијата на непријателот, ќе ја прескокнел безбедносната ограда, ќе ги украдел тајните документи и ќе ползел назад.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И кога дедот Стале го скрши и ова кандило за да го свети Илија пак да седи во темница седум дена, тој побрза и ноќта ја „доведе“ лисицата пред манастирската порта и тука, „потфатена“ од сите четири нозе, ја налегнаа пците и со кожата ги плати кокошките, а дедот Стале му нареди на Стојка да кладе веднаш чаша во кандилото и да му го запали рано пред вечер, оти свршил работа, го накажал арамијата што ги украде кокошките.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој продавачот многу крадеше од продавницата. Без исав, и затоа кога ми дојде мене еден од тие агентите да ме праша да не знам нешто за таа кражба, јас веднаш му реков оти што Коле ги украде и некој друг.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
СВЕТО: Кога ви ги украдоа девизите, јас бев.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Малку ли ти беше што ми ги украде оревите и лешниците, што со мака ги собирав?
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Учителката го изведе пред таблата, и јавно пред сите, го изискара, и го натера да се извини, да каже дека згрешил, дека другпат тоа нема да го прави и да ги врати сите работи што ги украл.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
СОЊА: Ги украде. Не знаеш што преживував овие пет години.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Некој нѝ ги украл, тоа беше јасно. И така почна авантурата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Бреза – праша чичко Лазо – како можеа да ви ги украдат велосипедите?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ајде кажи, како беше? Се оладив од изненадување.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Никогаш нема да ти купам друг, да знаеш – ѝ свика на Снеже.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
СТРАШНА НОЌ ВО ПАРКОТ
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Забележал некој дека сте заминале и, нормално, ви ги украл. Убава работа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)