ги (зам.) - укинува (гл.)

И еден ден кога сета душа ќе му биде обземена од слепата јаничарска моќ, ќе започне да ги разместува народите, да ги заменува верите со комунистичката идеологија, да ги укинува старите азбуки на народите, по цена на милионски жртви, постапки кои се ширеа заразно и долготрајно и на балканската духовна почва.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но тоа не е сѐ: националниот гениј едновремено ги укинува и поединецот (растворен во групата од која потекнува) и човештвото (изделено на вкочанети есенции, распршени во множества етнички личности затворени самите во себе).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сигурно се работи за нова инструкција која ги укинува претходните.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Спорот настанува кога новопоставениот директор на Центарот – по доаѓањето на својата функција, а сакајќи да си задоволи некои лични хирови – почнува селективно да ги укинува патните трошоци на неколкумина вработени, меѓу кои и Р.М.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работните услови во Медицинскиот центар беа добри и немаше проблеми – сѐ до доаѓањето на новиот директор, пролетта 1994.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој со тоа 22 okno.mk се бори против шизофрената состојба на својата свест - го спојува неспоивото, ги укинува спротивставеностите на природните интереси внатре во општествената целина, произведувајќи ја маничната национална „целина”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Со електронската обработка на податоци постигнавме брзина што ги укинува просторот и времето и прави нештата да исчезнат во техничката река од слики - Вирилио зборува за „естетиката на исчезнување”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Бидејќи ако стварноста веќе не постои, тогаш и “фикција” и “факција” ги укинуваат своите првобитни значења.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)