ги (зам.) - увери (гл.)

Севишниот Господ Бог ли ги донесе за преку него, преку лебот и солта што тој им ги понуди, да ги увери во беспомоќноста и измиреноста на луѓето од Потковицата со нивното насилничко доаѓање, или, пак, тоа го стори Сатаната, за да направи од него предавник, кога веќе ги потскажа луѓето?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Биле секогаш заедно и се поднесувале меѓу себе - некому среќата ќе се насмевне со усните на Фиданка; искажувал свои сомневања и намигнувал со влажно око, повеќе несвесно отколку што сакал да ги увери дека ги знае сите тајни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето најпрвин се плашеа, но кога дресерот ги увери дека нема ништо да им стане, дека војниците ќе ги држат кучињата врзани за синџири и не ќе им даваат да се допрат до никого што ќе го откријат, и кога почнаа за таквата вежба да плаќаат и пари, некои од селаните се согласија и прифатија.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А татко ти тогаш ти рече: „Сине, тоа е голем грев, тоа што наумил волкот да го стори“, но и ова го рече на оној негов чуден руски за кој сите го исмејуваа па и тогаш кога тој се напнуваше да ги увери присутните дека сите ние сме славјани и едно племе и дека треба да господари разбирјатељство помеѓу нас и да чувствуваме грижа едни за други, а јас, за да го смирам, морав да го повторам она што и пред тоа многупати му го имав речено: „Руски човече, побрзо јас ќе се разберам со своите мртви одошто ти со својата болка и со нас живите“, па тој веднаш замолкнуваше, се престоруваше најситно зрно просо и заминуваше во Горнидвор за да се качи на дудинката; беше и возрасен, и умен, а со срамно детско однесување.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Те нашле на туѓ праг и те намердале. Да, го нашле. А што барале тие посвојници на гревот таму?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лишки, вели Максим мислејќи си дека ако се случи нешто погано ноќва може да се случи утре да биде протолкувано како дело на волјата на утките и на бувот од Камен, па ниту тој некој друг ќе може да ги увери потковичаните во спротивното - дека лишките се лишки и дека нивните гласови не можат да им нанесат зло на луѓето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во неговиот глас имаше и жал за удреното другарче, и потреба сите да ги увери, тука веднаш сите да му поверуваат, дека тој никогаш не би можел никого да удри.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)