ги (зам.) - убеди (гл.)

Но, откако не успева во тоа, и откако пропаѓаат и обидите да ги убеди останатите вработени да покренат колективна тужба – тој, кон крајот на 2006 година, одлучува индивидуално да поднесе тужба за иницирање на судска, граѓанска (парнична) постапка и да поведе работен спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој прво, со управата на радиото, се обидува спорот да го реши спогодбено – вонсудски и со мирни средства.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Финтата е во тоа што ние знаеме кои дроги се тука, зашто ги тестираме цела вечер.“
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога преговара со промотерите на забавите, Аугуст прво што прави е да ги убеди да им дозволат на луѓето да си ги задржат за себе сите Е-таблети што си ги купиле за лична употреба.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Единственото несогласување околу брачниот подвиг, беше содржината на поканата која требаше да ги убеди нашите драги гости да донесат пристоен подарок.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тој не може да ги убеди ниту Вислицени, ниту Мертен или Брунер да не го пренесуваат него и неговото семејство во гетото.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Му држат лекција дека беше дрзок, дека почна да работи надвор од наредбите и интересите на Рајхот и дека заслужува казна за дрскоста да одржи тајна средба со новиот грчки прв министер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
СЛОБОДАТА: Не си ли ти оној кој ги убеди и најсиромашните да си ги продадат кошулите од грбот за да купат оружје потребно за големата пресметка. МАНОИЛ: Да!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Брукс го одбра Гронинг за шоуто и ги убеди „Фокс” да ризикуваат со ударното получасовно прикажување на цртан за возрасни.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И кој да ги убеди дека луѓето што се делат едни против други на крајот остануваат и без гаќи и без татковина?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Кој да им одговори на туристите во Галилеја?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Нивната главна особина е да да лажат, а воедно и да ги убедат оние кои се под нив во истото да им поверуваат.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
241 Од своја страна и британската позадинска воена мисија на Фицрој Маклин Балкански воздушни сили уште на 29 август 1944 година испратила радиограма во која од сите британски воени мисии се барало да ги убедат Бугарите “да направат една од следните три работи:“ а) Да се вратат во Бугарија со оружје и опрема. б) Да се вратат во Бугарија по предавањето на партизаните на нивното оружје и опрема. в) Да се придружат на бугарските партизани во Бугарија.“
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Зар можеше некој, во тие мигови, да ги убеди во спротивното?
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Токму од овој разлог тој се обидува да не освести за премолчениот логоцентризам вкоренет во нашата култура - така што со тоа што ќе станеме свесни за него ќе бидеме во состојба да му се спротиставиме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Модернистите исто така беа склони кон “мисионерски дела” за да ги убедат луѓето во нивната визија, која што вклучува ефикасност, рационалност, прецизно знаење, ослободување од физичката неудобност и занемарување на предрасудите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Постоеше едно чувство, да цитираме од Беконовиот предговор кон Instauratio Magna, “дека состојбата на знаење не е просперитетна ниту напредувачка; и дека мора да се отвори пат за човечкиот разум сосема различен од кој и да е досега познат”5.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Постојат моменти кога човек извршува симболично самоубиство, уживајќи во сопственото исчезнување и понижување: тоа се моменти кога човек сака до толку да се понижи, што да падне сосема ниско, а да ги убеди другите дека таму доле, му е сосема добро и дека е задоволен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Силно се труди да ги убеди другите да нѐ гледаат како дефинирани од политичка категорија – односно од геј-идентитет – зашто таквата категорија е морално неутрална.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа Високата Порта сторила сè што можела да ги убеди големите сили да ги повлечат своите бродови од Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Орце се сретнал со раководителите на новиот Врховен комитет - генерал Иван Цончев и Иван Михајловски - и се обидел да ги убеди за потребата да се преземе нешто против европскиот капитал.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сега, меѓутоа, главно поради нетактичноста и неспособноста на Иван Гарванов да воспостави добри односи со гемиџиите и да се обиде на некаков начин да ги придобие и да ги убеди во неопходната потреба да водат сметка за пошироките интереси на револуционерното движење, односите меѓу гемиџиите и ЦК станале лоши, дури и непријателски.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сега Високата Порта била живо заинтересирана да ги убеди големите сили дека “анархистичките злосторства“ во Солун биле дело на Револуцонернатата организација.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
За да ги убеди своите пријатели дека актерката ја заслужува неговата љубов, ги кани во театарот за да ја видат во улогата на младата Јулија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Едвај успеа да ги убеди дека е само смртник, ист како сите нив, и дека Бог е еден, оној што создал сè и оној од кого тој ја црпи сета своја сила и верба, и оти ниту за тој Бог, а уште помалку за него, Павле, треба да пролева недолжна крв како жртва при поклонение.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сепак генерално, секој сакаше да има своја шамија и мислам дека многу лесно можеше да ги убеди родителите да не прават економија на овој соц-реалистички артефакт.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Лесно ќе ги убедиш дека јазовецот лета меѓу облаци и дека лилјаците имаат единаесет очи.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ефектот беше да ги убеди владејачките групи во сите земји дека уште неколку атомски бомби би го означиле крајот на организираното општество, па според тоа и на нивната власт.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Страшното што го направи Партијата беше што ги убеди луѓето дека обичните пориви, обичните чувства немаат никаква вредност, додека истовремено им ја одзеде сета моќ над материјалниот свет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пол се обиде да ги убеди дека сето тоа ќе биде надвор од камерата, но видовме дека сѐ пропадна...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се нарачува специјално по некој „саватлија“ прстен за зетот и невестата со црн монограм, но само за пишувањето ќе се плата десетпати повеќе, отколку што чини самиот материјал, ако не стопи Пане цела бела меџидија за таков прстен и ги убеди дека е од нивното сребро.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Момчињата, што го испратија до границата и што пукаа на Србите, не можеа да ги убедат своите селани — противници, — та и тие, (како Коле Куков и Стојан Салил што платија со главите за „бугарштината“ од српските жандарми, ја платија „српштината“ уште на вториот, третиот ден по идењето в село.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога дојдоа, кадијата ја соопшти положбата и ги покани да помогнат и тука да се доврши работата, а за да ги убеди дека си стои на зборот, им напиша од своја страна тапија од своите чефлизи во Рувци и Алданци, а беглербегот им напиша повелба, дека им ги подарува сите дванаесет села од Старо Мариово сосе луѓе, за вечни времиња и ги прави мариовски бегови со сите беговски права, поставувајќи им само два услова: да се потурчат и да најдат чаре и начин да се победат бунтовниците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Неправда за Праведникот Жената му порачува на мажот свој утрото на Велипеток: Не прави му ништо на тој праведник, оти денеска многу пострадав на сон, заради Него.33 Пилат не успева да ги убеди првосвештениците да го помилуваат Исус, детето кое сонува наместо Варава. Барабата.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Истото беше направено од советникот на Михаиловиќ, Драгиша Васиќ и од Јово Молевиќ, луѓе кои беа хрватофоби уште пред да започне војната".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Неговата мисија имала една единствена цел - да ги убеди Владите на балканските држави да му се спротивстават на нацистичкиот експанзионизам на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, Британците биле сосема свесни дека на балканските држави, освен моралната поддршка, не можеле да им ветат воена или друга материјална помош.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Инфорамцијата на Донован како и информациите од британските разузнавачки служби, само го увериле британскиот политички естаблишмент дека било потребно што поскоро да стапат во акција и да изнајдат начин да ги убедат балканските држави да ги "заборават" своите територијални и национални поделби и да пристапат кон организирање на еден заеднички балкански блок за да можат да се спротивстават на германското напредување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Мирослав Спалајковиќ, Недиќевиот Розенберг, требаше да ги убеди српските селани дека не е можно натамошното заедништво со Хрватите.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во Софија бил примен од министерот за надворешни работи, Богдан Филов.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Константин Фотиќ, југословенски амбасадор во САД, требаше да ги убеди американските власти дека Југославија нема морална оправданост за своето постоење.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тука еден борец, се викаше Андреа, ни се обрати со предлог: Другари, немојте да отворате оган, јас знам германски и ќе зборувам да ги убедам да се предадат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)