ги (зам.) - стокми (гл.)

По војнички тој ги стокми и калните нозе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Никогаш не ги стокми работите за да воспостави ред.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ги стокмив скалилата и ги уредив со камени плочи, толку ефектно и мајсторски што, откога камењата ќе фатат патина, со некого ќе можам да се пошегувам дека се од римско време, поминал божем Хадријан тука и ги изградил со својата инженерија.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Што работа дадов додека ги стокмив перденцата на прозорците, што шиење, што везење, а постелнината, бел вез винова лоза, да ја порачувам дури во Велес.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Алушевски за тоа што ги стокми страничките од филтерот во Корел.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ризван бег се цереше од подбив, ама ибн Бајко ги стокми послушно трите први прсти од десната рака, ги собра еден до друг, а домалиот и малиот ги свитка, ги залепи за дланката.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
7. НЕ СЕКОЈ ПРЕД ИКОНА САКА ДА СЕ КРСТИ - за на светецот да почне и да му се моли, некој така ќе ги стокми трите свои прсти за со туѓа ситна памет себеси да се соли...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Таа ги стокми рачињата како за молитва и почна срдечно, молбено: - Мајко на северните езера и шуми!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Затоа и се плашев од она што може да дојде. Се плашев, помислив, дека во блиска иднина, објаснувањата ќе треба да ги стокмам на поинаков начин.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)