ги (зам.) - стигне (гл.)

На завртувањето погледот ѝ се сретна со очите од Крлета и само ги наведоа главите и продолжија напред, а Бојана позабрза и пред самата порта на Бисера ги стигна. Сите три фрлија поглед во дворот на Бисера и како нарачан го видоа поп Петка под лозницата — седи замислен, со некакви исчекувања.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но до дома не ги стигнаа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мусли бег наеднаш остина. Иако не сакаше така да си помислат христијаните сам чувствуваше дека така зборува, како да ја пади од себе, од Арслан бег и од Турците во Потковицата несреќата: Оти високо летаат и грабаат па си мислат ќе ги смилостиват ако не ги убиваат, или оти ги мислат за божји птици па веруваат дека ќе ги стигне несреќа ако ги убиваат, праша.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сите нему му се обрнаа како на воено лице.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А ако го напуштат овој положај, ќе ги фати денот, ќе ги стигне аскерот можеби на некој незаштитен терен и сите ќи ги избие.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Деновиве нешто слично се случува и со Петре Прличко. Се мислам дека таква судбина ќе ги стигне и веќе починатите: Џувалековски, Илија Милчин, Вукан Диневски итн.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И како што продолжи да пишува, сè друго престана да постои, студот и лутината поминаа, а мислите му се расплодија во бескрајно размножување, додека раката со перото му леташе по папирусот брзајќи да ги стигне сите...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Секој од нас до задишување брза да ги стигне дуќаните отворени за да купи тоа што му треба за денеска, тоа што одамна веќе сака да го купи или тоа што би го купил.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Штотуку гуската, со тешка мака, ги стигна своите полнолетни деца, кога однекаде доплива еден чуден гувчешки сват.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
МАРА: И таму ги стигнавте?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Љубовта моја, во зло преточи ја и нека сите казна ги стигне, за правдина божја нека биде ...делото твое и мое!
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Таа е гломазна и дебела и не може да ги стигне.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета и Дики трчаат држејќи се за рака. Бети трча по нив.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ако немаат извор или бунар во тврдината, сигурни ми се како лисица во стапица – и почна да ја распрашува бабата, небаре загрижен дека може да ги стигне зло нејзините бунтовници. – Ами од каде чешмата што шупори во тврдината?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Брза да ги стигне воловите, да ги истера нагоре над орманот и поскоро да се најде под дивјачката, под сенка.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Заинатено ги стигна децата и им се закани: - Само нека мине ова, па ќе видите дали ќе играм со вас!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)