ги (зам.) - спотера (гл.)

„Нека е аирлија, рисјани!“ свика тој радосно и ги спотера магарињата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сега беа дојадени и Змејко знаеше дека треба да ги спотера овие двајца што побргу да си заминат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Луѓето затворени по куќите ги колнат и го молат бога да ги стиша, да ги спотера некаде.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Потоа ги врза со уздите еден за друг, му се качи на средниот и ги спотера сите три по патот низ селото; коњите испијанети и потсилени од камшикот што им плускаше крај ушите, јуреа низ селото како бесни, креваа прав зад себе, газеа кокошки, патки, мачиња, кучиња и секаква живинка што ќе им се испречеше на патот и опкршуваа со сета сила по сокаците; прислужникот Геро потскокнуваше на средниот коњ, ги стегаше цврсто в рака сите три узди, плускаше со камшикот и викаше силно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Си оравме, бре, си сеевме, празници си празнувавме, бавчи садевме, селските работи си ги гледавме и што ѓавол ли ги спотера, та ургијата - лошотијата им влезе да ни доаѓаат в село та да не тепаат, да не пљачкаат?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)