ги (зам.) - сотре (гл.)

Парменион тогаш Илирите ги сотре, а коњот ти татков прв на трки беше. Единствени- вие!
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Кога го дојаде јаболкото, внимателно го избриша ножето со два прста, го затвори, го прибра в џеб, ја забриша устата со рака и ги сотре дланките од панталоните.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тетин Доне помолче некое време, ги сотре дланките по бевчите и туку ја удри едната рака по коленото.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Љаке ги сотре рацете.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Потем одеднаш плукна во дланките, ги сотре, ги положи на колковите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Имавме до пред пет години. - рече игуменот, - но фати свинска чума и ги сотра: и манастирските и по селата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Политички ги сотре очајот и апатијата, а не безбол палките на силеџиите од гардата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Пролетната 'рж и пченицата тајланка, како што ја викаа селаните, ги сотре житна пепелница.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ама кажи ми ти сега мене, кој ги сотре сите оние пред нас? Само Алах, Исус, или пизмата човечка?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- СВЕТИ ИЛИЈА ќе ги сотри ламјите со девет глави... ќе ги скроти луњите, ќе ги врати чедата... ***
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Кампот, најпосле, е „облик на самоодбрана“.223 Како инаку оние што негостољубивиот општествен свет ги држи како пленици ќе можат доволно да го дереализираат за да не му дадат да ги сотре? (Ова е една од темите во Сартровата Сeн Жене.) Ако тоа е тоа што значи да се „тривијализираат“ сопствените или туѓите чувства, ако тоа значи да не се сфаќаат буквално и неиронично, тогаш тешко дека нивното тривијализирање ќе ги обезвредни и багателизира.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Голи биле ритчињата, можеле да се доголат и планините - утре ни беговите не ќе најдат дрво да обесат осуденик, ни копуците ќе најдат гранка да му го скршат вратот на бегот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Многуте видовници на минатото претчувствувале чудовишта и претскажувале потопи и божји казни, но ни тогаш ни потоа не можеле да предвидат што ќе им ги сотре шумите - гладни туѓинци, гладни огнови, гладни болештини или самата нивна гладотија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го разбеснале, подоцна се чуло дека се заколнал пред нив - не ќе се смири додека не ги сотре сите машки глави во најарамиското село на Отоманијата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тоа време неколцина поугледни Турци предводени од стар и достоинствен оџа, заборавајќи ја судбината на поетот и заштитникот на рајата Селџик-бег, се обиделе да го посоветуваат стемнетиот Али-бег да им ја остави воденицата на несреќниците; за жал во невреме: го нашле со страшни бели дамки по лицето и по рацете и со повремени брзи удари на невидлив нож во желудникот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги сотра и притоа не чувствуваше никакво жалење.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)