ги (зам.) - сотира (гл.)

Ете, значи, поданици кои дословно се инкарнирани со угнетувањето чии што се жртви, принудени да се препознаат во државата што ги сотира мавтајќи им пред очите со нивниот сопствен лик.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со силата на своето мото си поигруваш со судбините ги сотираш невистините..
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Не помогнал ни Онисифор Проказник ни другите по враќањето во Кукулино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Штотуку седнале крај софра под свои покриви, суви и преслаби дури и на преслаб ветар да му се спротиват, власта ги потерала пред себе со кундаци и со камшици заедно со оние што патем ја напуштале дружината - ураганот на судбината не престанал да ги сотира.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Откриено е дека габичката Botrutis предизвикува болест кај свилените бубачки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во Македонија, и на еден дел на Балканот, еден вид чума (Pestis opis) ги сотира седалките на пчелите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само страдните талкачи кои нема да се измолкнат од прегратката на пустината, во оние неколку мигови пред да заспијат засекогаш и вистински откриваат колку е возбудливо-привлечна свежината на оазата што си ја замислуваат…
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тие ѝ се предаваат на немоќта и тоа на чекор-два од обилниот оброк и од свежината на водата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Суштествата всушност ги сотира близината на водата и на храната како и надежта што е вслушана и разговара со нив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Размислував: живите суштества ги сотира гладта и жедта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нашата војска е толку силна што постојано ги сотира тие комунистички банди, на кои им дојде веќе крајот ...“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)