ги (зам.) - сложи (гл.)

Кога ги сложи сите делчиња од затворачот, и кога го остави настрана сето тоа, зглобено и спремно, погледна низ прозорецот и таму изнајде една вредра, месечева ноќ, во која како црни сенки, продолжуваа да се развласуваат по небото топлите јужни облаци.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со сакото уште малку подвиткано на грбот, со искривената кравата, тој забрзано ги сложи растурените хартии на масата и ја изгаси ламбата.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Затоа очите сега се мачат да ги сложат тие букви една до друга за да го прочитам името „Рогуш“.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Не знам дали поради нејзе или поради себе, сепак, го облеков новиот костим за капење и ги сложив колку-толку со марамата и пешкирот, па со децата се спуштив по камењата на влечки на плута за да добијам на висина, а со тоа и на виткост.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Затоа, апелирам до сите оние кои можат хиерархиски да ги сложат елементите во сликата на театарот: да го остават креативниот потенцијал (добрите актери, режисери, писатели) на сцената зашто тоа е идеалното место од каде може да се еманира, колку-толку, вистинската слика на театарот!
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)