ги (зам.) - скрши (гл.)

СЛОБОДАТА: Денес робот ќе го крене својот глас и со оружје во раце ќе се обиде да ги скрши оковите што ги влече цели пет века!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Ќе му ги скршам нозете или ќе колнам!“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ем метално, ем цврсто, ем тркалата ќе се вртеа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ја расчукавме, оските ги скршивме... Гледаш, овие федери ѝ беа амортизери.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сѐ си имавме веќе готово - само горниот дел од бебешката количка да го симневме, да го размонтиравме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Моравме да ѝ ги скршиме градите и да го скинеме фустанот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Елате, браќа, да ги скршиме синџирите од маки и страданија!...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И токму стрико Анѓел одредуваше место кај да ги скршат мразот, кога еден од дружината на Хаџи Ташку, Турчин, се загна од зад него и од надопица го зеде со тоупз по тил.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А кога дојде пролетта, кога јужниот ветер со топли камшици им ги скрши крилјата на северните ветришта, Синото јоргованче се разбуди.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Со токмак би можел да ги скрши цементните блокови од делот на ѕидот што ја држеше сенката заробено.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Страв голем ги згрчи грлата, ги скрши рацете и колената ги свитка, лицата ги искриви, се вгнезди во очите, проникна под кожата, влезе во коските, го помати умот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
таму ќе ни судат и така не засурмуваат во вагонот небаре добиток за продавање и клан, клун, клан, клун, лазаме за Софија пооди, пооди, - запри, па пак тргни, а ништо не гледаме, имаше само една дупка во отворче одозгора, над нас и не знаеш кога се стемнило, а си заборавил кога било дење, денот и ноќта си ги смешале нозете, ги избришале границите и не знаеме дали сме поблиску до денот или до ноќта, само некогаш ќе подотвори некој, ќе ти остави кофа со вода и по едно лепче - камче за да ти ги скрши забите и пак ќе ја тргне вратата, ќе го штракне лостот, штрангата, а ние ќе го топиме 118
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ајдете, браќа, сите содружно да ги скршиме ропските пранги.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Тоа беше прв обид да се соберат во една печатена збирка оние песни сo кои што умираа нашите борци, песни во кои што се викаше нашето село, нашиот град на решителна „борба за народна Слобода“: „Ајдете браќа, сите содружно, да ги скршиме ропските синџири.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
ПАРЕ: Да даде бог и нозете да си ги скрши!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
На лавот му ги скршија забите на Голи Оток.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но остана место само за капка ракија во душата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дури и оние бедни предавници, во чија невиност ти веруваш - Џонс, Аронсон и Радерфорд - и нив на крајот ги скршивме.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потоа се слушна поинаков извик. Со удар на чизмата еден од стражарите му ги скрши прстите од едната рака.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
20. ЈАЗИКОТ КОСКИ НЕМА, НО КОСКИТЕ ГИ КРШИ - така да беше денеска многу ќе имаше и мрши, но, еве, тој е хуман и друга функција врши: му мести коски на светот за утре да ги скрши...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
На Ристета јазикот беше му отекол, бидејки кога го тепала потерата, му ги скршила вилиците и си го пресекол јазикот, та не можеше да зборува.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кој ни ги скрши белите крилца крилца на галаби бели?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
МАЛИОТ: Очите му се мртви и бледи. Има заспан поглед. Ќе му ги скршам цвикерите.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Ти пречи светло?
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Во училиштето сите дознаа за оваа голема промена и тој сиот исполнет, за да ги скрши и другите бариери на неговиот неуспешен приватен живот, цврсто реши да си бара жена.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Знаете, братучед ми се омажи и сега треба да ми кажува за свадбата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А, Марија, кутрата Марија, на Копанче граната и ги скрши нозете.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А кога дојде пролетта, кога јужниот ветер со топли камшици им ги скрши крилјата на северните ветришта, Синото јоргованче се разбуди.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)