ги (зам.) - скротне (гл.)

Затоа реши воловите да ги отера погоре, над орманот, да ги скротне да пасат на голото каде што ќе ги има пред очи и таа да може да си седне под таа една дивјачка таму и ем да си мисли што ќе си мисли, ем воловите да ѝ бидат пред очи.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ги тераше говедата низ село и над село нагоре кон Милков грм, знаејќи дека сега ништо друго не ѝ останува освен побрзо да ги отера говедата дотаму, да ги скротне да пасат, да се пласне под својата дивјачка и таму да плаче, да липка и да си ја корне косата додека умот не ѝ легне или не дојде Пандо да ја грабне.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога ги скротнаа воловите, не почнаа да играат комитски игри како секој ден, туку наседнаа на една ледина и заумено молчеа како тие да беа оние што требаше да видат што ќе се прави сега.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тие сега ги скротнаа воловите по ридот и дојдоа на изворот да ручаат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)