ги (зам.) - симболизира (гл.)

Да го оставиме овој проблем на страна. ]е го допреме - за да имаме и друг агол - инсистирањето на темата на хермафродитизмот кај обајцата и, на пример, блиската иконографска релација која се чини го поврзува Leonardoвиот цртеж со перо на кој е претставен машки акт со четири раце и две глави, (11) хермафродит составен од еден младич и еден старец кои ги симболизираат Задоволството и Болката, и сликата насловена како Момче и девојка на пролет, која исто така е посветена на темата на хермафродитизмот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Значењето на оваа карта е подеднакво поучно - таа ги симболизира циклусот на вечното обновување и бесмртноста.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Можеме, исто така, да запазиме дека Ѕвездата е седумнаесеттата голема енигма во Тарот-от, и дека на неа во астрологијата ѝ одговара Венера.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа несразмерност, укажува, е истовремено и последица на човечката смртност и генеративен извор на симболичните општествени норми чие обештетувачко фунционирање ги дава единствените средства за премостување (но не и за затворање) на јазот помеѓу човечкиот субјективитет и човечката општественост: … и од убиецот зар на братот ќе земе или за своето дете убиено откуп си прима; та си останува оној, што отплатил многу, во градот, овој пак срцето своје и гордиот дух ќе го смири, кога ќе добие откуп; а бозите в градите тебе лош и непомирлив дух ти ставиле... (Хомер, Илијада 9. 633-637; прев.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Михаил Д.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Петрушевски; кај Халперин анг. прев. Lattimore) Беседичката на Ајант за институтот крвнина истакнува дека човековата општественост зависи од одржливоста на трансакциите што не ги изразуваат чувствата на општествените дејци, туку дека само ги претставуваат, ги симболизираат или инаку ги вообличуваат. ‌Зашто, ако семејството на некој убиен маж прифати откуп во пари од убиецот и, во замена за тој износ, се откаже од секаква надеж и од секаква намера да се одмазди, тоа не е затоа што зделката емоционално ги задоволила ужалените роднини ниту затоа што парите им ја надоместиле загубата, а камоли затоа што им го оживуваат убиениот роднина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Напротив, токму затоа што ништо нема да им ја надомести загубата, зашто ништо на светов не соодветствува со она што ужаленото и гневно семејство го сака, затоа што ништо што би сториле (ниту одмаздата) нема да биде доволно за да им се преведат чувствата во соодветен облик на личен и јавен израз, ете токму затоа можат да се согласат – колку и да е тоа неволно – да се помират со чисто симболично обесштетување (во вид на пари).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Четворицата играчи ги симболизираат страните на светот, годишните времиња, магичниот квадрат, а играта е древна, прастара индиска игра, се влечат исти потези, се избегнуваат замките на семиотиката, семантиката, така дише граматиката на чутуранга, а бидејќи секоја игра има свои правила, ред, победници и поразени, болно е сознанието дека токму ние, најблиски по крв и месо, сме тоа: победници и поразени.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Четворица сме, исто колку страните на светот: јас, жена ми, ќерката и синот: играме шах, но не двајца, туку четворица и одеднаш: Четирите страни ги симболизираат играчите на чутуранга, страните на светот, магичниот квадрат, семантиката и семиотиката, а бидејќи и чутуранга има правило, низ некаква стаклена изѕирка на магичниот квадрат она што може да се види се гледа: песочниот часовник и истеченото време и змијата на која ѝ нема спас од границите на квадратот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа е нејзиниот прв потег: гледам во нејзината мила насмевка, во задоволството на иронијата, во играта, во фигурите што се вистински слонови и други животинки, мајмуни, војници, коњи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Биографии Едгар Алан ПО (1809, Бостон – 1849, Балтимор), САД.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)