ги (зам.) - сврзе (гл.)

Размислувањата за козите сакаше да ги сврзе со сознанијата што ги собираше за јаничарите, тој вечен ешалон на сите балкански империи, но секогаш присутен под друго име.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Желбите и подробностите на вчерашниот живот сакал да ги сврзе со некакво поинакво утре но тие се губеле под замагленоста на очајот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога би го имал - зар би се здружил со нас, зар би ги сврзал своите идеали со луѓе како мене, како Иван и како тебе?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ги оближувал сувите усни со побелен јазик да го спречи пукањето на кожата и се оклопил со темни мисли.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пронаоѓајќи ја интелектуалната алатка наречена а бе ај да ги сврзиме празниците, слободното време го прогласивме за наша филозофија на живот.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Сакав да ги сврзам во едно обата дела на овој град.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)