ги (зам.) - свиткува (гл.)

Тогаш за прв и последен пат го прескокнав во еден залет широкиот јаз, и притоа, од другиот брег гледав како Пачев ги свлекува чевлите а потоа ги свиткува и ногавиците на панталоните.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кој знае, можат ли подземно да се дофатат во соединување што потпира, потрајно од ѕидови кои ги свиткуваат ’рбетите на бескреветните изѕемнети луѓе...“
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Карнаварата испушташе црвени цветчиња со кои ги намамуваше инсектите: кога ќе ѝ слетаа на листенцата, го затвораше цветот и ги впиваше во себе, ги смукаше; сувоземната утрикуларија лисјата ги свиткуваше во вид на труба, на уста, и штом ќе влезеше некој инсект внатре - таа го затвораше како во стапица и го цицаше со своите ситни влакненца; водената утрикуларија испушташе тенок леплив меур на кој инсектите како на смола се лепеа останувајќи заробени.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Отпрвин ги свиткува веѓите па подозриво се вгледува во мекото од очите на учителот и започнува да се насмевнува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Јовановиќ го прегази јазот облечен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)