ги (зам.) - сведе (гл.)

Исто како што равенките на големите германски филозофи, Ајнштајн, Хајзенберг и Планк ги сведоа Њутновите закони на ограничена употреба и ја растворија тврдата, молекуларно-атомска материја во бранови на електронската информација, Џојс и Пинчон и Бароуз ја разбија, со ласерска прецизност, граматичката структура и семантичката машинерија на стариот, класичен јазик на Шекспир.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Не успевајќи да го спречи планираното востание, МРО ги вложила сите свои сили барем да го ограничи и да ги сведе на минимум тешките последици за Организацијата и за населението.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Човек, раскажувајќи ги, ако не земе да ги сведе под знакот на една, на онаа, главната, за ропството и за борбата против поробувачите лесно може да се заталка во раскажувањето и да се заборави што зборувал, односно да заборави што раскажувал и кој му бил зборот, па слушателот да си отиде од него со уверување дека си го изгубил времето слушајќи некого кој ниту знаел да раскажува ниту што раскажува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)