ги (зам.) - режира (гл.)

„Господу Богу помолим сја...“ - или што е тоа московски сообраќај, како Мејерхољд ги режира претставите, како се одвива воздушниот сообраќај меѓу Москва и Кенигсберг, или какви момци седат во трустовите и тн.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Заборавот ја подјадуваше меморијата на раните дипломатски години, но не можеше да ја истисне од свеста...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој и самиот пишува драми, ги режира и заедно со мене и со Бреза ги играме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Обидете се да им објасните што е тоа казино или „Ермитаж“* со цигански хорови, или московските пивници, каде што се испива море од пиво и каде со хармоника, се пее песната за разбојникот Кудејара: ...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И навистина. Утредента кога отидов таа беше покриена со бел чаршав преку глава, како што обично е во филмовите, оние трагичните што ги режираат за да плаче народот, ако нема за што друго!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
На прашањето поставено на Вуди Ален како дошол до одлуката да биде типичен претставник на авторското кино, генијалниот режисер, автор и актер, одговорил дека лошото читање на неговите текстови од страната на режисерите го натерало самиот да ги режира.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И најпосле непредвидено, како што само судбината умее да ги режира настаните, наметнувајќи ја случајноста како апсолутен арбитер, настапи времето, дојде неочекувано мигот кога катарзично се ослободуваше времето минато крај Арафат во Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)