ги (зам.) - расфрла (гл.)

— Е, море, кој рече „неќу" или „не давам", сам нека си го носи греот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Главно е, море, сега да и довардиме лејките, та потамо белки ќе поолабави, стопана му — се искажа Трајко и уште тука во авурот седна со азите да ги расфрла петте стотини лири на двесте куќи село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Одеднаш забележа како ги расфрла низ собата своите долги екстремитети и како со ќелавата глава удира по ѕидот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Минато На д-р Миле Врчаковски Утрово еден црн, еден безмилосен ветер, со крвави заби, со крвјосани очи, со окрвавена кошула по рабовите, ги разотвори прозорците, ги расфрла книгите, ме повлече за раце и ме фрли во оваа безобличност и пустош...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Потоа пак ги собра, ги разврза и ги расфрла цветчињата околу себе.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Од ден во ден, од миг во миг, стануваше свесен за својот бес со кој ги расфрла коцките од мозаикот во миг кога камчињата веќе беа наредени.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
ПОПЛАДНЕ Одненадеж се покажа тој ветар што ги разотвори прозорците, го издолжи и го обезличи твојот глас, ги расфрла твоите зборови и исчезна.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Често навлегуваше во коријата. Ги обиколуваше полјаните, береше китки руен и друго есенско цвеќе, правеше букетчиња, за да ги расфрла после над својата глава и да ги чувствува како му паѓаат на лицето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ги гонеа светулките, ги фаќаа, како жарчиња ги држеа во рацете, па ги расфрлаа над своите глави како искри.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го дрпам и ги расфрлам парчињата околу креветот, ги подлетнувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И твојата земја убава со друго име пред тебе да ја крсти, прекрстуе, коските свети народни паднати за слободата, од гробот да ги скорива, по сокак да ги разфрла, и со нив да се подбива, а ти да гледаш со очи да гледаш и да црвееш и нити збор да не можеш да кажеш, да му одвратиш.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Им даде знак на војниците и тие се качија на покривот, ги расфрлаа ќерамидите, ја откорнаа чатијата и почнаа да го рушат ѕидот кон патот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ја запаметив и реченицата дека смртта знае да се расфрла со пораки што треба да ни го стегнат срцето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А покрај грдите зборови што ги расфрлала околу себе, на смртта слабост ѝ било да го отне и поројот на болките објавувајќи го со тој гест своето владеење.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И не само лицето - и гласот му бил чуден, со подмолно длабок звук во нејасно развлечените зборови. Не го разбрале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чекале тој глас да порасне во него, да го напне, да му ги расфрла ситните парчиња на распаѓањето, онде, по рудината со заборавен пат од непознати времиња, а тој уште чекорел кон нив небаре и самиот се плашел навистина да не се распадне на педа од отворениот гроб, од незасилениот пламен во јамата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тие лажици и лажички ги имаше во кујната толку многу што тој кога ќе го видеше тоа купиште, добиваше волја да земе да ги расфрла.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Еднаш, кога беше ти уште малечок, татко ти ја крена на раце печката и ја изнесе од собата во тремот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Понекои од нас толку многу ги имаат што без престан ги расфрлаат околу себе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тој ѝ велеше дека ги троши парите без ум, дека е глупава, дека не ги дава тешко спечалените пари за да ги расфрла по улица, и уште триста други глупости, зашто обично, саботите навечер беше тежок немтур.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Имаше многу обврски, тежок живот, но сега, кога требаше да го напушти, не ѝ изгледаше толку одвратен. – Со Френк беше на прагот од еден друг живот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)