ги (зам.) - растргне (гл.)

Не ни ѕвонеа зашто кучето однатре така се фрлаше на вратата, што тие се плашеа дека еден ден можеби и ќе ја провали за да ги растргне на самото место.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А и да не дојде тоа време ќе останат слободни во гората, можеби и нив ќе ги растргнат ѕверови, сигурно волци, како козлето на Сеген.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога ја видоа таа убавина, збесна тој пустината, главниот, ги растргна усните со кисела злобна насмевка, вадејќи ги сите грозни заби нанадвор а очите му светеа како на крволочен ѕвер.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
На едно место во подот ги растргна сите пилотни и го отвори ќепенакот. Темничина и мраз.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)