ги (зам.) - растовари (гл.)

Беше си дошло Толето и викаше да ги растоварат маските.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Им рекоа да чекаат, а товарените коњи и мазги ги втераа во боровата шума. Тука ги растоварија и ги вратија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Си го пробија патот низ преполната просторија и ги растоварија подавалниците на масата со метална површина, на која на едниот агол некој истурил баричка од манџа, нечиста течна маса која личеше на повраќаница.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само што стигнаа да ги растоварат коњите, дотрча еден од другата страна кон нив забрефтан, им шепна нешто на уво, а тие како подгонети, рипнаа го истурија казанот со манџа, ги собраа пушките, па како молња, побегнаа..
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога реморкерот се врати назад за да ги растовари телата, Ливајн слезе од него исто така безгрижно како што се качи.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Кога еднаш нив ги фати шумарот со три товари дрва и дрвата им ги растовари во дворот со три товари дрва и дрвата им ги растовари во дворот кај Панда, тие ноќта ги преукрадоа дрвата од дворот на Панда и им ги однесоа на ливаѓани.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Покрај записот за тоа кога Панда Бранов партизаните изгледа веднаш по ослободувањето го затвориле, за авторот беше посебно интересен уште еден запис што гласеше: „Трајко Казиовски од Ливаѓе мене толку многу ме мрази зашто во бивша кога јас бев кмет во Брезница тој набра три товари дрва без платена такса и дозвола и кога шумарот ми го дотера овде во дворот ими ги растовари дрвата на чување и јас ништо не реков за шумарот да не му ги растоварува дрвата и тој мене затоа толку ме замрази зашто нема да друго за што.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Му рече Марин Крусиќ, кога момчакот на враќање ги растовари рибите, излезе од чунот, и кога сфати дека го чекал, му пријде, како на нешто неминовно, како на судбина: „Ти Влав ли си?“ го праша овој.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ги растовари магарињата настрана и почна да товара тули во некои кошови што му ги подадоа, во некои крбли и кошници.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тие креваа камења од купот што ги растовари мустаклијата дојден со ѕевгар волови, и ги пренесуваа кон купот крај камбаната, од каде ги поземаа ѕидарите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Чекаат затоа што нема кој да ги растовари.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ги поведоа кон тремот да ги растоварат, но пазарџиите не влегоа по нив. – Сигурно им имаат откачено од мувата – си мрмнаа мажот и жената и ги симнаа алиштата од маската и магарето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А дрварот кој одмара под замолчаната воденица напуштена од водите и зборливите птици ме почести со две-три голтки од пагурчето и со приказна од Четириесетчетвртата, кога окупаторот, по борбите на Осогово, ги растовари во дворот на Кочанска црква дванаесетте мртви, од своите...
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ги растоварија дрвата и Тале рече: „Дури да го закрпам самарчето, ќе ручаш и ќе си починиш.“
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ги растоварија дрвата и го врзаа Дорча.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Добро, добро! - се согласи Трајче и брзо ги растовари дрвата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)