ги (зам.) - расположи (гл.)

- Велат дека како татко ве имале, месје, - преведе. Тоа ги расположи сите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Игуменот за да ги расположи, стана, им тури вино, ја крена својата чаша и им рече: - Да наздравиме почитувани за вашето здравје и среќа со желба вашата одговорна и доброчесна мисија да заврши успешно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сето тоа војниците ги расположи, но стравот не им попушти.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)