ги (зам.) - распара (гл.)

За миг на осудениците им ги распараа алиштата со јатаганите, ги соблекоа и ги грабнаа по двајца јаки сејмени и дренкокош – едниот за глава другиот за нозе ги качија и ги бапнаа врз разгорениот оган.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Еден од нив ме зеде и ми ја соблече облеката што можеше лесно да се соблече, другите делови од облеката со нож ги распара и ги расфрли околу масата. Бев гола како од мајка родена.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Која од вас ќе ми го распара лицето, ќе ми ги извади очите ќе ми го раскине грлото и ќе ми ги распара градите, борејќи се за сопствениот живот?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)