ги (зам.) - раскинува (гл.)

Таму најде три спомени: во времето кога за неа многу нешта на светот сѐ уште немаа име, едно момче ѝ подаде остар предмет и рече: „Нож“; во времето кога сѐ уште веруваше во бајките, еден глас ѝ шепотеше за птицата која со клунот си ги раскинува градите и од нив си го откорнува срцето; во времето кога допирите ѝ кажуваа повеќе од зборовите, една рака се приближи до нејзиното лице и со јаболко го погали нејзиниот образ.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На тој начин, би дошло до зголемување на бројот на невработени, бидејќи работодавачите ќе им ги раскинуваат договорите за работа на определено време на работниците пред истекот на петте години, наместо да ги трансформираат во договор за работа на неопределено време.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Некаква сила го искриви неговото тело до изобличување и бавно му ги раскинуваше зглобовите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Луѓето тука се фрлени на дното на човековата пониженост, ги дробат, ги раскинуваат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тие се растргнати помеѓу силниот нагон на нивните тигри, кои однатре ги раскинуваат, и силната желба да станат луѓе како и сите други.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Луѓето-Леопарди со железни канџи ги раскинуваат човечките тела на парчиња, кашлаат и стенкаат...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)