ги (зам.) - разјадува (гл.)

Писмата* Келн-Скопје од 89 г., што се пред вас (драги („)маргиналци(“) и творјани), се наоѓаат тука од три причини: првата и апсолутно доминантна е онаа естетската; станува збор за една комплексна, измамнички автореференцијална и во крајна линија лирска во своите пајажинести структури, приказна, всушност Дијалог (воспоставување Разлики што искри Креација!) меѓу два прилично различни духа чиј што фантазмогориски набој се судира на тоа чудно поле на епистоларната проза; втората причина е обидот едновремено да се воспостави како разликата меѓу тоа “fin de siécle време” (кога медиски суптилно дозираниот но континуирано експандирачкиот фашизам на Милошевиќ и неговата клика од глупаци, слуги и разбојници, почнуваше да се прелева преку чашата и полека да ги разјадува и онака тенките шевови на „вештачката творба“) и ова време (на нов почеток, како во нов век, на некој начин, без доволно артикулирани репери и со многу неизвесност), така и сличноста, што можеби најмногу се согледува во таа потенцирана артифициелност, маниризам можеби, ескапизам дури, што, на некој начин, самата уметност и е, гледана од тој беден политикантски агол; третата причина (зошто токму овие „декадентни“ писма, кога и Вулкански и Станковски имаат дела многу „позаводливи“, „попримерени“ на овој сегашниов - „нововековен“ - контекст) се надоврзува на втората: кои сме и што сме со тој багаж што го имаме во главата?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога сѐ ќе биде готово, ние со полковникот ќе излеземе на мократа зелена ливада, ќе ги собереме од тревата шаховските фигури и ќе ги распоредиме врз таблата. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 81 илустрација: VALERO DOVAL “)))ƚ))ƚ ƥƪƟ)ƚ” 82 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Калта ги разјадува железото и лостот пред очајот на целта.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Недоизбувнатата расправија беше длабока и темна мудрост под превивки на сурово самозаборавање со што си ги криеја срцата, не толку еден од друг колку секој од себеси.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ повеќе остававме душите да ни ги разјадува лишајот на оттуѓување од сѐ што е човечко во нас и околу нас: туѓиот грев, или нешто што е повеќе споулавеност и очај отколку грев, ни влечеше кон загатки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зејат со празните прозорци, ги разјадува времето. До нив нови куќи. Нови луѓе. Улиците полни со детска смеа...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Таму се таложат, растат, создавајќи му болки – продолжи старецот. –Киселиот вкус на лутината и гневот, во комбинација со заморот, произведува киселини што ги разјадуваат, ги сушат и ослабуваат неговите коски.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тој ги разјадува, рушејќи има ги сликите на визијата, создава лоша проценка на подоцнежната старост.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Солта уште повеќе ѝ ги разјадуваше раните. Ја печеше, ја штипеше по целата глава.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А кога се сврти, ја фати неумолив ужас: на десетина чекори зад себе се виде себеси.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Качувајќи се по скалата што водеше кај Петрович, која, треба да се признае, сета беше исполеана со вода, со помии и беше впила мирис на алкохол кој ги разјадува очите и, како што е познато, задолжително го има на сите последни скали на петербуршките куќи,  искачувајќи се по скалите, Акакиј Акакиевич веќе помислуваше на тоа колку ќе му побара Петрович, и во мислите реши да не дава повеќе од две рубли.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)