ги (зам.) - разменува (гл.)

Бистриме така граматика, политика, а ветрот нѐ удира в лице, нѐ бричи на суво. Ја ваби зимата ветрот и ни ги собира очите, ни ги сменува погледите, ни ги разменува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги носат и гледам и како си ги разменуваат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Овие книги ги разменуваа и по читањето ги коментираа во меѓусебните средби пред да ја започнат мисијата на утврдувањето на опасните зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ниту едниот од нив не го крена погледот; продолжија да сркаат од водникавото јадење и меѓу сркнувањата ги разменуваа неколкуте неопходни зборови со тивок безизразен глас.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На другиот крај од големата маса во одвратната чајџилница Филонус, тивко ги разменуваа што религиозните што садистичките што метафизичките што мајчински искуства, следниве три личности: младата госпожа Ана, инаку позната како сопруга на човекот што катедрата за логика ја замени со кафанска маса на која стојат мистериозните кибритчиња и лактовите на народнот мудрец Неџо; госпожицата Буде вообичаено - спрема правилата на тајната организација „Црна Ружа“, така суптилно провалени од инаку најглупавиот балкански весник „Вечер“ - облечена во нејзе милите папски бои: љиљакова, портокалова и бела („синестезии, нелогичности!“, се слушаше врескање од соседниот крај на масата) и со специјална ловачка капа на главата на чиј што врв (на капата), провокативно искривено, трепереше зелено масонско перо, ко ветроказ; додека човекот што токму зборува - и чиј што истоштен, од премногу експерименти со нејадење и неспиење, глас, го привлече вниманието на г. Абов - се одзиваше на името „Никола, врти кола!”, или скратено Никола Вртикола.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тинејџерите се извонредно приемчиви за светот околу себе и во развојната возраст им е потребен постојан проток на информации, што ги разменуваат меѓу себе и врз нивна основа си градат свое мислење.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во оние грсти што обично луѓето ги разменуваат само по некој е тогаш изваден, ако воопшто има такво.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)