ги (зам.) - разделува (гл.)

Одовде се доаѓа до парокт „Луксембург“; оттаму се излегува на кејот на Сена, покрај „Шатле“ и на големиот ллоштад, кој ги разделува двата најголеми париски театри: театарот на „Сара Бернар“ и комичниот „Шатле“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Камилски сметаше дека трагајќи по ослободувањето на османските зборови од тврдината, ќе ги ослободи и луѓето од затвореноста.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски, загледан од чардакот кон тврдината, слушајќи го шумот на реката, ја замислуваше како последно одредиште на старите значења на старите османски зборови, неговата мисла се поврзуваше со тврдината, како траен симбол на сѐ што ги разделува луѓето, религијата, нацијата, државата, предрасудите, под лозунгот на обединувањето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Различните конфесии не ги разделувале меѓу себе, а ниту туѓинците не можеле да ги раздвојат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Таа ги разделува двата брега, двете куќи, двете деца цели пет месеци.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Божји чеда изместени од престолот, со заедничка среќа и со заедничка несреќа, каква што господ им наменил на сите свои чеда на земјава, без тие да си стават во акалот не дека ако едниот е несреќен другиот ќе е среќен, туку дека божјата рака тешко ги разделува нештата, зашто грстот ѝ е широк, па фрла наеднаш од сѐ добро и од сѐ лошо, на сите страни. (Бела пауза)
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Таа ги разделува луѓето, ѝ рече.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Службеникот од началството што ги разделуваше поканите, неколку пати отиде кај Делина дома, но не го најде.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Легнато на планинските подножја што ги разделува реката Бистрица, не пречекува селото Андартикон.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Очите како да му ги разделува само ширината на носот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Овде навистина има и такви кои се посериозни случаи, било да се нечисти, било да се опасни. Тие се во еден друг двор…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оние кои од поодамна се овде, дотрчуваат и ги разделуваат степаните ако дојде до тепачка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во право сте драг пријателе, идеологијата ќе ги разделува уште повеќе луѓето, ќе бара изговори за своето ширење, во минатото по цена на нови проклетства.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Таа ги разделува двата брега, двете куќи, двете деца цели пет месеци.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тој ги собира веѓите и ги разделува. Се костреши.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Отрчувам до нив и ги разделувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Слегуваат луѓето од коли, од коњи, да ги разделуваат, да ги откинуваат; да го тргнат Дука Вендија од над Мисајлета Ковачот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)