ги (зам.) - раздвојува (гл.)

Виртуалностите непосредно 204 okno.mk комуницираат згора на актуалното што ги раздвојува.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Околностите создаваат културна и национална близост меѓу луѓето и околностите ги раздвојуваат роднинските елементи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Но, човекот не можел да ги избори своите најстари и наједноставни поими поинаку туку со соочување на спротивноста со нејзината спротивност, и дури така постепено научил да ги раздвојува двете страни на антитезата и секоја да ја мисли не мерејќи ја свесно во однос на другата.”
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа ги поврзува и еднакво непомирливо ги раздвојува огништето и „кај мене“.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
(Го удира Михајло. Почнува да го тепа. Ангеле ги раздвојува.) Бегај ти. Не мешај се.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ако лудилото ја прифати реалноста на нормалноста - ќе ги увиди не-реалностите кои ги создало, и тие ќе исчезнат а со нивното исчезнување ќе исчезне и самото лудило.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А она што ги раздвојува нормалноста и лудилото е стравот – нормалноста се плаши од лудилото, и лудилото се плаши од нормалноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Недоразбирањето е она што ги раздвојува нормалноста и лудилото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Лудилото не ја разбира нормалноста, нормалноста не го разбира лудилото,“ рече еднаш доктор Гете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Вкусот, волјата, чувствувањето, сето тоа ја изобличува стварноста и ги раздвојува луѓето, означува диктатура, наметнување на сопствениот агол на гледање, односно слушање, херметизирање на работите со наметката на сопственото его.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Љуба, денес ме потсетуваш на оној небесен ветер што ги раздвојува за миг облаците за да му ја видиме насмевката и на сонцето, се обиде да ја смири нејзината возбуденост татко ми.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)