ги (зам.) - разграничува (гл.)

Понатаму, овие жанрови на говорот ја вршат истата регулаторна функција во кодирањето на дискурзивните практики како и книжевните жанрови – само што тие регулаторната функција си ја вршат не во доменот на книжевното пишување и примање, туку во сферата на комуникацијата, во општественото однесување и во личната интеракција – дефинирајќи ги соодветната тема, формите на меѓучовечката односност и стиловите на комуникација.153 Во таа смисла, жанровите се не само формални, туку се и прагматични: тие на луѓето, во секојдневните практики, им обезбедуваат конкретни средства за меѓусебна интеракција и за справување со конкретни општествени ситуации – и ги подучуваат како да го прават тоа правилно.154 Систематските и формалните разлики што еден од друг ги разграничуваат конвенционалните видови на книжевниот дискурс претставуваат еден пример за прагматиката на жанрот – и навистина, се еден од најпознатите и најочигледни примери на таквата прагматика – па голем дел од она што имам да го кажам тука ќе упатува на тие традиционални генерички поделби меѓу видовите книжевност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тешко дека гледањето филмови со Џоан Крафорд заедно со куп геј-другари, кога имаш триесeт и пет години, одговара на ова.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но геј-мажите, и покрај некои својствени и карактеристични употреби на јазикот кои ги разграничуваат од другите говорители на јазикот, не образуваат посебна јазична група.374 Значи, ако треба да се квалификуваат како припадници на некоја култура, геј-мажите би требало да се конституираат како група преку некој примарен процес на социјализација сличен на усвојувањето на јазикот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Покрај брегот со високи трски и наколку колипки, патот води по кривулестата линија што ги разграничува птиците на оние што летаат над земјата и оние што летаат над водата, сѐ до првата населба во која нашле засолниште преживеаните од војната, живуркајќи повеќе од езерото одошто од земјиштето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Јазикот обезбедува место за влез во културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Учењето човечки јазик е почеток на акултурација и социјализација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)