ги (зам.) - разбие (гл.)

И покрај сиот труд на Томасини да ги разбие истите тие стереотипи, толку остро и толку силно нагласувајќи ја машкоста, телесната јадрост, широките плеќи, мажествената самодоверба и (морало ли да оди толку далеку) страста за тимски спортови на Даниелс, сепак, како да не може да не тргува со вообичаените означители на гејството, со сите тие ветви равенства на хомосексуалноста со родовата девијантност, со женственоста и со недостатокот на машкостa, повикувајќи се на сѐ и сешто од „нејасност“ до „заматување на родот“, до андрогиност, до кастрација и до женственост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Врати се Врати се, ако срцето вели така, кога патот до мене ќе стане предолг, кога копнежот ќе ги разбие сите препреки, на твојата стрпливост.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
142. Ханот Аспарух (ок. 644-701) со една своја орда дошол од исток кон утоката на Дунав и откако ги покорил словенските племиња и ги разбил Византијците, ја образувал првата држава на Бугарите на Балканот (681) со седиште во Плиска, којашто подоцна ќе ги проширува границите и врз поголемиот дел од Полуостровот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мразот од нејзиниот крик ги разби прозорците.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не знам колку време мина кога сонцето блесна од зад облаците ги помести, ги разби маглиштата и талогот на еднообразноста дрворедот се озари доби лик, па одеднаш некои чудни форми почнаа да се об-јавуваат пред моите очи пред зумот, пред заумот. Ми се стори дека од некаде надоаѓа нешто боготворно светлината го овозможува совршенството но треба да го најдеш барај избегни ја судбината на просечниот ум, колатералната штета на непросветленоста.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Служејки се со вообичаените и ниски средства, управата на Гимназијата успеала да ги разбие учениците.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Верлен (Verlaine), Ван Гог (Van Gogh), Колриџ, Бодлер и Едгар Алан По (E.A.Poe) оставија трагични сведоштва за своите напори да ги разбијат бариерите меѓу разумот и реалноста.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)