ги (зам.) - разбере (гл.)

- Молитвите, чедо, се молам Господ да ме издигне над сите случувања –за да ги разберам.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Кој да ги разбере овие луѓе, овој проклет Балкан.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кој да ги разбере овие луѓе, крај овие кози? Овие кози, крај луѓето...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тие негови патувања поради кои остануваше сама, можеше дури и да ги разбере, но заминувањата на најстариот син тешко можеше да ги прифати.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А секоја општина морала да разработи своја тактика. Кој да ги разбере?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И на другите така ќе им правеле, ако ги разберат дека им помагаат на нашите в шума.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
На чардаците на некои соништа висат пајаци Не можат да ги разберат мрежите на новиот век, а и не можат да се видат во огледало – колку омлитавеле, огрделе, снеможеле.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И сите заработуваме добро, подобро од било кога, бидејќи СИПА-та на Џонс може да прочита траги од сè што било во мене до сега и тоа ми го дава на дисплеј на јазици што можам да ги разберам.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Како воопшто би можеле да се надевате да ги разберете идеите скриени зад оваа фасада од зборови?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Војводите ги разбраа зборовите на Цепенка и мошне добро знаеја што ги чекаше но тие сакаа да го чујат Карев.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Обидете се да ги разберете комуникационите потреби на целната група исто како и на еден посебен човек.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Истиот принцип важи и ако комуницирате со поголема група луѓе, на пример со direct mail програмата или преку оглас.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На пример, за еден инженер или лабораториски хемичар логично е да се претпостави дека ќе имаат потреба за поголемо количество на технички податоци.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Очигледно, психоделичната музика комуницира со звучни симболични пораки коишто можат да ги разберат само личности кои самите доживуваат идентични или слични промени на состојбата на свеста, или пак, личности кои имаат природно развиен т.н. психоделичен сензибилитет.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сакаше да ги разбере идеите на Достоевски за верата и атеизмот, да ги прошири сознанијата за атеизмот надвор од партиската шема.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Не верувам дека ќе можете да ги разберете! – реков тивко!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Така ги разбрав и доживеав зборовите на овој млад човек.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
А јас, додека ги разбрав, се измачив.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
А кога се сетив што да сторам, ги затворив очите и спокојно заспав.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Седумте црнчиња со кадрави коси и бели заби ми раскажуваа за крокодилот цртајќи и самите за да ги разберам.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Утредента им реков на црнците од селото: - Знам како ќе го совладаме крокодилот. На чесен збор, знам.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Милан и Кети беа стоички луѓе и многу практични, на нивни сопствен начин, но како прости селски луѓе, вродено веруваа во моќта и влијанијата на работењето во универзумот, нешта што тие не можеа да ги разберат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таквиот литературен анахронизам дарежливо го смести во интерпретативната фигура НЕИСТОВРЕМЕНОСТ.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тие израснуваат од контекстот на дијалогот, и секое од нив треба да биде чувствително усогласено со одговорите на претходните прашања. (а) • Ако јас бев набљудувач на вашиот живот кога вие бевте помлад, што мислите дека би можел да посведочам во прилог на подоброто разбирање за тоа како сте успеале да го постигнете она што неодамна го постигнавте? • Што мислите дека ова мене ми кажува за тоа што сте сакале во вашиот живот, и што сте се обидувале да постигнете? • Што мислите дека би можело ова да ми открие за она што за вас е највредно? • Ако успеете да го задржите ова знаење за тоа кои луѓе ви се најблиски во текот на следните една или две недели, како би можело тоа да се одрази на вашиот начин на живеење? (б) • Од сите луѓе коишто ве знаат, кој би бил најмалку изненаден со тоа што сте го преземале овој чекор на соочување со проблемите на вашиот живот? • Што можат тие да посведочат дека сте правеле, во изминатиот период, што би им овозможило да претпостават дека вие би можеле да преземете ваков чекор во овој момент од вашиот живот? • Што мислите дека ова им кажувало, во тоа време, за вашите способности? • Што би можеле тие да претпостават за вашите цели со преземањето на ваква акција во овој момент од животот? okno.mk | Margina #4-5 [1994] 53 • Кои активности би си ги довериле себеси, земајќи го предвид она што во овој момент го знаете за себе? (в) • Би сакал да ги разберам основите на овие постигнувања.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од неговиот збиен коментар проговорува специфичната еснафска солидарност: макар што не ги одобрува, тој настојува да ги разбере оние литерарни проповедници на епскиот дискурс кои, како залутан пустиник, ја преспале симболичката бура, па безнадежно се обидуваат да ја воскреснат оддуваната референцијалност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се разбира, овие прашања не се поставуваат нагло и без внимание.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Светлоста на знаењето нема во себе топлина; оној што само знае, а не верува во Бога, чтение врши така што се лизга само по буквите и зборовите, како светлината месечева што се лизга по карпата, не навлегувајќи во нејзината утроба и не стоплувајќи ја, затоа што таа светлина, студена, никогаш не ќе може да ги загрее душите на зборовите, да ги оживее и да ги разбере вистински, со срце, а не со разум.“ Мислев дека сонувам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И спортовите и изведбените уметности приредуваат настапи во кои ужива бројна публика, и таму во живо и далеку.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа ни се одвива пред очи: се случува дејство и гледаме вистински настан, исто како што гледаме други настани што се случуваат околу нас.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Книгава, како и мојот предмет, се вика Како да се биде геј затоа што таа фраза ги именува темата, појавата и проблемот што сакам да ги испитам и да ги разберам – имено, токму претставата дека постои правилен начин да се биде геј, дека машката хомосексуалност не е само сексуална туку и културна практика, дека постои врска помеѓу сексуалноста и општествената или естетската форма.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И едните и другите се состојат од активности што ги прикажуваат дарбите на обични луѓе, на луѓе како нас, кои сепак прават исклучителни нешта – нешта што речиси секој може да ги прави до извесна мера, како, на пример, да фатиш топка или да пееш, и што, затоа, секој може да ги разбере, но кои мошне мал број луѓе можат да ги прават онолку вешто и величествено.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога Вацлав Нижински го подражавал чисто изгледот на тенисот, како да е изведба или танцова приредба, а не спортски натпревар и кога се послужил со особените движења на тенисерите како основа за својот прочуен балет Игри од 1913 година, критичарите се згрозиле: се бунеле дека изгледа воопшто не ги разбрал вистинските правила на играта и целта на играњето тенис.289 Не е случајност, тогаш, што спортските натпревари – со еден-два ретки исклучоци – никогаш не се преодигруваат, препоставуваат, преизведуваат точно онака како што се случиле првиот пат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Една игра, со други зборови, не е изведба – барем општествено не е така кодирана.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бидејќи и спортовите и изведбените уметности важат за масовни разонодни занимања и за јавни приредби, може да изгледа дека предизвикуваат идентични реакции кај своите публики.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Веќе ги спротивставив различните родови положби во кои спортовите и изведбените уметности, соодветно, ги сместуваат машките изведувачи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Што е смислата на тоа накнадно испитување? Дали Вие сакате да ги разберете “текстовите”, формално да ги одгатнете, или деконструкцијата содржи и критичка намера, која можеби цели кон пронаоѓање на некоја друга, нова рационалност? 58 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Со цел западните феминист(к)и да не ги разберат погрешно пост- комунистичките жени и да не бидат вовлечени во конфликтите кои ги разбија почетните дијалози на жените од Источна и Западна Германија, важно е да им се обрне големо внимание на разликите во значењето и на различните проблеми и историски и социјални контексти на пост- комунистичките жени.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
„Ај ем сори, ај диднт..“ Таман тргам да се извинувам, ходникот наеднаш се полни со луѓе, сите зборат во еден глас -и на англиски да е не би ги разбрал.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Ги сметале за младинци што биле заразанеи од некој превратни учења (социјализам, анархизам) и, без да ги разберат тие учења, се труделе да ги применат на македонска почва.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓутоа, Солунските атентати тешко можела да ги разбере таа јавност.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Почнувам да не си го препознавам пламенчето во очите, ниту да си ги разберам мислите изрежани на челната коска, амајлиите што ме заштитуваа и бранеа од нечестивите и од нечестивото.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таа многу често си го гледала синот (може ѝ се присторувало), како надлетува над манастирот, прелетува над нејзината глава и како нешто ѝ говори, ѝ довикува, но зборовите не можела да ги разбере, заради тупотот на нејзиното нажалено срце.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Замислете што ќе се случи кога некои луѓе погрешно ќе ги разберат вашите теории, и погрешно ќе ги применуваат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дома понекогаш ја отворав “Библијата”; од неа најмногу го сакав оној дел во кој кралицата од Саба му се обраќа на Соломон: “О, да ми беше брат, да ги цицаше градите на мојата мајка!
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Зборувате за работи кои не можете да ги разберете,“ рече доктор Гете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Откако ќе се разбудеше, тргнувавме кон атељето на некој сликар, за да прашаме дали ги запознал, дваесетина години пред тоа, сликарот Фридрих Рихтер и неговата сопруга, но никој од нив немаше чуено за нив, и она следно прашање: „Од кого тие го посвоиле детето?,“ остануваше непоставено.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Пет години тие двете живееле заедно, а потоа, кога тетката починала, Клара морала да се врати кај родителите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа им се обрати на Густавите: „Ајде, деца. Ја видовте тетка ви. Време е да одите дома.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се обидуваше да ми помогне да ги разберам Хегел и Шопенхауер, а јас му раскажував за она што го читав од Платон, чии дела му беа познати посредно, преку она што Џон Стјуарт Мил го имаше напишано за него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Немала деца, и потполно ѝ се посветила на внуката, ја научила да говори англиски и француски, ѝ дала да чита и популарни романи, но и дела од Олимп де Гуж и Мери Волстонкрафт, малку предвреме за да ги разбере во потполност, но сосема навреме за да се определи да се бори за правата на жените.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш тој ќе препрочиташе некоја од книгите кои ми ги препорачуваше – ги сакаше Софокле, Шекспир, Гете и Сервантес; од мене бараше да не ги читам Балзак и Флобер, затоа што биле полни со неморалности; Достоевски, кого тукушто го откриваше, ми го забрануваше затоа што бил полн со мрачни мисли.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А помислете дека и не сите ваши теории ќе бидат точни, и така неточни луѓето ќе ги ползуваат за да си помогнат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш во сонот ќе офнеше, како што офка болен човек, и јас се приближував до него, обидувајќи се да ги разберам зборовите кои ги шепотеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога правевме паузи меѓу читањата и одевме во дворот на библиотеката, брат ми ми кажуваше работи кои тешко можев да ги разберам, но сепак внимателно го слушав, бидејќи знаев колку му е важно некој да го сослуша, затоа што неговите пријатели беа посветени само на медицината, а тој сакаше нешто повеќе, тој сакаше да ги разоткрие тајните на човечкото суштество кои беа отаде анатомијата; Зигмунд беше уверен дека тоа растајнување би можело да се направи со вкрстување на разумот и чувствата, тој велеше дека и размислувањето, и чувствувањето се есенцијален дел од нас, и само при „соработката“ на тие два дела човекот може да се осознае самиот себеси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дали сум учен недоучен, пиен недопиен, јаден недојаден, за да не можам да ги разберам оние што се „мандаат“по сцената и при тоа нешто говорат?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но Петар, како човек кој во душата никогаш не го засака пишувањето, оти се раѓаш или како писател или како рибар, не сфати дека не е важно дали сите тие луѓе кои жедно ги голтаа нивните проповеди и поуки ќе им ги разберат зборовите токму онака како што тие, проповедниците на Радосната Вест, сакаа да бидат разбрани.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Страв дека во тоа долгогодишно играње баскет и карти, одење на излети за Втори мај и славење нови години некако не успеал да биде близок со своите и добро да ги разбере.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
ЛУКОВ: (Надмоќно и иронично.) Господин Христов, треба ли овие ваши зборови да ги разберам - како откажување?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Затоа може да се каже дека се работи само за една недовршена градба чија цел е конечно да ги разбере својствата на песочната дина.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Запрашан за тоа кој вид на сложени адаптивни системи научниците навистина успеале да ги разберат, возвраќа со зборовите “Навистина точен одговор е - ниту еден.”
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И ме разоткри, а кога притрчаа и другите две девојки за да побараат дозвола за сладолед, на овие од „пекарата“ им преседна муабетот, а беа и посрамени затоа што го препознаа јазикот на кој разговарав со децата и им беше јасно дека Германката - јас, сè ги разбрала, и дека оној најдобриот меѓу нив во одредени активности залудно си се проектирал некаде таму далеку со неа во Дизелдорф.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Нејзина единствена цел е да ги разбере дилемите на Лена, низ јазикот на Лена, во приказните на Лена.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сакам да разберам, како нив да ги разберам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Со гневен шепот ми рече дека ќе ме убие поради тоа што го правам. Ги разбрав тие зборови.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Недоверливо, напорки го погледав. Веднаш ги разбра моите погледи и сега не се стрпи, рече: - Ти си луд, другар.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Воведна напомена: „It’s the end of the world as we know it”2 Расправите за мултикултуралноста и за „крајот на историјата” сé повеќе се во фокусот на вниманието на луѓето што се обидуваат да ги разберат современите движења во светот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Не можев да ги разберам крајните намери на Сојузниот, но јас си бев начисто каде може да биде моето место.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ме замислуваше на браникот на заштитата на вредностите на Југославија, во времето кога силниот Милошевиќев национализам ги тресеше темелите на истата Југославија!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Аполинер затоа може најдобро да ги разбере поривите на младиот Коница, а Коница неговите, објавени во весникот l` European. За што поточно се залагаше Аполинер? праша Камилски замислено.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тие беа свесни дека во нив ќе гледаат донкихотовци кои водат лажни битки, без да сакаат да ги разберат, а најмалку да ја прифатат нивната мисија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И ние, децата, збунети, без да ги разбереме зборовите на гостинот потрчавме кон Мајка за да ја известиме кој е четвртиот играч и што кажа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не може да ги разбере чудните стари играчи со отсутни мисли, но толку присутни во играта, вешти, превешти во ракувањето со картите зашто не играат на добивка кога таа им беше често гарантирана.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко во комплексното значење на касметот, како судбина, како фаталност, имајќи го на ум постојано својот ракопис за Историјата на Балканот низ падовите на империите, извлекуваше поука дека природна судбина на секоја цивилизација на Балканот била да се извиши, потоа да се распадне и на крајот да се разнесе во прав.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше во состојба да ги разбереш механизмите на општеството во кое живееш, но не и неговите основни мотиви.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Срцето му се стегна кога помисли на огромната сила што е построена против него, на леснотијата со која секој партиски интелектуалец би го победил во евентуална дебата, на суптилните аргументи што тој нема да биде во состојба да ги разбере, уште помалку да им одговори.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Некои ја употребуваат ВР за тестирање на производи, пред да воведат нивно производство, а некои пак, за подобро да ги разберат научните и технички проблеми.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Елена се обидуваше да ги разбере причините, заради кои Хелвиг ја повикува Марија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Судијата се обиде да ги разбере причините заради кои го напуштила мажот и неговиот дом.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но, кој ќе ги разбере докрај мажите?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Како да објасни кога и самата не можеше да ги разбере причините?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И затоа треба да ги разберете дојденците од Македонија Кога севезден се молат Господ веќе да не им испраќа Терсене попови и тужибаби и уште потерсене владики
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Како што се редат матушките Така си се редат и соновите Се до оној помалиот од најсекавичниот сон Кој ги разбрал матушките Лесно ќе разбере и зошто немаат крај источните сонови И на кој начин се одржува нивната историска свежина
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
По крајот на Отоманската Империја, историјата на новата независна татковина Албанија ќе се совпадне со татковата младост, со неговата судбина, за да може да ја разбере својата земја, да ги разбере другите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Само ако ми појде од рака јас самиот да слезам до дното на сопствената самота, ќе можам да ги разберам нејзините силни пораки, тајната на нејзиното балканско истрајување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Денес тешко можеш да ги разбереш овие клети Балканци.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не можев да ги разберам добро овие Мајкини изливи на набожност.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
VIII Во животот на Мајка и Татко, за нас, нивните деца, постоеше секогаш промолчуваната стратегија за спасот на семејството преку преселбите, ненадејните заминувања, чии причини, нивната суштина, некогаш не можевме да ги разбереме.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Меѓутоа, при секој обид да ги разбере историските процеси, карактеристични за сопствениот народ и за неговата историја, постојано се соочуваше со неизбежните парадокси кои како да го обесхрабруваа да дојде до јасна, разбирлива интерпретација на балканската историја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не можев да ги разберам, до доцна во мојот живот, сите причини за Татковата радост во тие мигови.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сакаше, макар задоцнето, кога Татко речиси ја беше напуштил идејата да ја заврши книгата, да навлезе во нејзините тајни, верувајќи дека подобро ќе ги разбере причините поради кои векуваа границите околу нејзиниот народ.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
3. Горниот свет Неартикулирана камена композиција втисната на Гарван, черна древна птица затскриена зад брезите, дабојте, черешните меѓу трепетливиот и див отсјај на небото двосмислена како поетски знак и живописна а ние - недораснати да ги разбереме мегалитските, сакрално елементарни глетани семи на минатото само ги посакуваме, и - приседнуваме на Плочите небаре во неправедно студениот скут на Господ кратко, многу пократко од О-н-ние онаму долу во подземјето полно мицелиум и ехо, ехо од Ум!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Веројатно ги разбрал твоите аргументи и го извлекол вистинскиот можен заклучок.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Трајанка ги разбра и истрча од дома.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Треба да ја цениме конструктивната критика, да најдеме начин да ги разбереме работите и да ги избегнеме грешките затоа што само така ќе ги направиме подобри нештата кои гравитираат околу нашето удобно опкружување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да ја истераме темнинта шо поминува низ вашата глава, затоа што луѓето се способни да се справат речиси со се.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„The Casual Passer-By I Met at 3.01 pm, Philadelphia, April 9, 2007.“ Slought Foundation Online Content. [11 October 2007; Accessed 15 May 2008]. < http:// slought.org/content/11365/ >.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
113 преку тоа да постигнат ни помалку ни повеќе туку еден поинаков начин на размислување и делување: „Доколку човек се соочи со нови содржини во рамките на старите форми на презентација, и доколку постои можност тој да ги разбере, може да се претпостави дека во иднина тој ќе почне да се сомнева во исклучивоста на еднонасочните информации.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
„Ви благодарам, мили мои, многу труд сте вложиле да ги разберете, научите и интерпретирате моите текстови.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во прилогот меѓу другото пишуваше: Минатото лето (во број 2644), вие му посветивте една статија на сегашниот амбасадор на Франција во Албанија, Патрик Крисман.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Елен Лејбовиц следејќи го раскажувањето на мојата балканска сага, на семејството во егзил, покажуваше интерес да навлезе, да ги разбере причините за војната.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Таа се бореше со сите сили да ме разбере, да придонесе што повеќе да се разберам самиот себе, да си ги разберам разликите во самиот себе и разликите со кои живеев, со кои живееја ликовите од мојата балканска сага во тешките моменти на животот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ја пишувам оваа книга за да го вратам времето кога Елен Лејбовиц живееше интензивно со мојата сага и да ги разберам причините за тоа присуство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се помирив со веста, но никогаш не ги разбрав причините за вистинското прекинување на објавувањето на другите дела, по несомнениот успех кај критиката и читателите на објавените книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но со поширока поддршка од страна на издавачот книгите можеа лесно да бидат продавани во поголеми тиражи, по одличните критики во француските национални медиуми...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Таа ја беше разбрала длабоката смисла на постојаното мајкино прашање-рефрен: дали ќе има војна, дали ќе има војна!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Двапати во историјата на XX век САД ја спасуваа Европа од самата себе, од фашизмот и од власта на тоталитарните идеологии.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
НЕМИЧКИ ЈАЗИК- или ластовички јазик е наразбирлив јазик што обично го зборувале луѓето кога не сакале секој да ги разбере што велат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Наспроти ова, во мојата работа се обидувам да ги разберам нашите лингвистички способности како цврсто врзани со нашите базични способности за перцепција и интеракција со светот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Таму бев заштитена од бомбите.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Почнаа да ме караат, тропаа дури со нозете, јас не можев да ги разберам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Што ќе правиме? До кога вака ќе останеме скриени во грмушките? – шепна Снеже.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Зборуваа нешто, а ние не можевме да ги разбереме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Така успевам подобро да ги разберам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)