ги (зам.) - работи (гл.)

Словените служеле кај Римјаните како робови и гладијатори, а кај тие робови и гладијатори најмногу се повторувал зборот „слав”, затоа тој збор фатил да означува, од една страна, човек што ги работи најтешките работи, т.е. роб, а бидејќи најмногу робови се земале од Словените, тогаш, од друга страна, Словените биле крстени од Римјаните со името „slavi“ коешто тие си го позајмија од нив и го преправија на СЛОВ-Е-НИ, т.е. Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Четворица слуги имаше само во магазата. А посебно имаше други што ги работеа бавчите и чифлигот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мислеа дека тоа не е за мене, дека физички и психички нема да го поднесам тоа имајќи го со мене искуството од претходните потешки физички работи кои што ги работев во минатото и од кои секако имав по некои здравствени последици.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Всушност, живеев близу LaBrea јамите со катран.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Грот: Што мислеше и чувствуваше во овој период додека ги работеше сите тие бедни работи?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Оние кои работеа ноќе спиеја преку ден, а оние кои работеа дење спиеја ноќе во истите кревети. А ги работевме најлошите работи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Потоа, двете возеа велосипеди, па дури и заедно со неа се зачлени во јавачкиот клуб.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ја дотеруваше со саати, си играше со неа, ја учеше песнички и приказни, внимателно ѝ ги подготвуваше оброците за во нив да има доволно овошје и зеленчук, ја носеше на училиште и заедно со неа ги работеше нејзините домашни задачи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Мора да кажам дека со многу професии во животот сум се занимавала и, бидејќи сум шкорпија со подзнак шкорпија, сите сум ги работела со љубов.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во пуста печалба беше замината речиси целата класно – географска структура на нацијата: здрави селски момци кои што во енклавата викана запад ги работеа најцрните работи, поосвестени луѓе кои не сакаа децата да им растат во земја која ја водат Тодоровци и Стојановци, а побогатите семејства кои го сметаа Стојан за неизделкан простак, ги испраќаа децата да студираат во странство, со тенеденција да останат таму да живеат.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Но, домашните работи за неа ги работеше некој друг.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Има една наша поговорка: „Секоја планина своја тежина“ — вие преку лето работате без почивка, а ние пак во Америка секогаш работиме по осум саати во денот, ама во тие осум саати што ќе ги работиш на фабрика, без сонце да те грее, без ветарче да те удри, за секунд да не можеш рацете да ги отпочинеш, умот тука! оти инаку машината ќе ти ги отсече рацете, имаме друга тежина.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Градот, работите што ги работиме таму се, тој камен што не меле.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Моите дела се сметаат за не многу сериозни, бидејќи се направени без задна мисла за шпекулација и дека јас ги работам забавувајќи се, како да спорту­вам.”
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
ЕВТО: Ефенди Кајмакам? (Пауза) Ефенди Кајмакам што треба да ги работиме за кир Панајотис во Света Богородица.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Кога се задевојчуваше, мајка ми, додека ги работеа домашните работи, со шепот ѝ кажуваше нешта кои внимаваше ние останатите да не можеме да ги чуеме.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
За тоа време, додека се седеше и се вревеше заедно, јас сепак забележав како тие тројца одвреме навреме си праќаат ишарети, додека вториот помошник пак не стана божем по мала нужда, а се задржа трипати по три големи нужди, и мене тогаш ми стана јасно дека тој ни ги враќа украдените пљачки од нивниот шлепер во нашта кола и пцува мал да си најмал да не си и да не работиш залудни работи што не ги работат постарите, кои не прават дупки во вода туку си пијат вино, зашто чаушот нивни заради шише вино си ја продаде душата и помисли дека овие клатикуровци се од наша фела, па ај да не им земаме работи што не им требаат ами да се провеселиме на нивна сметка, и до зори ако ни заоди.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Оние другите ги работеа потешките работи: ги переа алиштата и постелнината, правеа копчиња и чевли…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Повелете во нашата продавница која е на излезот – тука се делата на нашите драги пациенти: чорапи и шалови, ноќници и фустани, марамчиња и крпи, предмети изработени од дрво,“ ми рече доктор Гете, а потоа продолжи да ми раскажува како се живее во Гнездо: „Будењето е во шест – прво се чисти она што се растурило во текот на ноќта, под надзор на болничарките, а тоа не е едноставна работа, како што може да ви се чини на прв поглед.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ние, добри мои читатели, честопати потценуваме некои работи, ни се чини дека не ни се исплати да ги работиме. Дали е така?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Пишувајќи, Pat Hacket и јас ја реконструиравме деценијата, почнувајќи од 1960 година, кога почнав да ги работам моите први поп платна.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Писмените работи добро ги работеше.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Таа беше најдобра – јунак за работа, во сè беше прва, таа со пеење ги работеше дури и машките работи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Љубица одеше да ги пасе овците и ретко ни доаѓаше на жетва или пак на другите земјоделски работи кои ние ги работевме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)