ги (зам.) - пуши (гл.)

Јас будалиот се јадосав дури кога забележав дека тој ги пуши моите цигари.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Откако ќе се изнаплаче, се оддалечува, од луѓето, се крие некаде зад карпите, чепка меѓу камењата, собира некои тревки и корења, ги суши на сонце, а потоа, завиткани во парче весникарска хартија ги пуши.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Понекогаш тоа го прават и Гордана и Сашка, ќерките на чичко ми, за да заработат некој динар, колку за во диско, или за цигари што ги пушат кришум од татко ми со друштвото од училиштето.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога е во прашање филм каков што прави Хичкок, станува збор за концентрација на вниманието на публиката кон екранот во толкава мера што, на пример, арапските гледачи престануваат да лупат кикирики, Италијаните да ги пушат своите цигари, Французите да ја милуваат својата сосетка, Швеѓаните да водат љубов меѓу два реда фотелји...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во ракописот, меѓу страниците, имаше најмногу пепел од цигарите кои некогаш ги пушел, заборавајќи од преголема внесеност и концентрација да ја истури во пепелникот крај него.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)