ги (зам.) - процени (гл.)

Како театарски човек (уметнички директор и драматург во штипскиот Народен театар), тој отворено зборува за состојбите во театарот, креирајќи критериуми со кои ги проценува и оценува бројните девијации во уметничкиот живот на Македонија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Беше навикната да ги проценува луѓето според нивните лица и ѝ изгледаше природно тоа што Винстон мислеше дека на О'Брајан може да му се верува само врз основа на една средба на нивните погледи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Што е она што им изгледа значајно или од помош за некои посебни перспективи, реализации, заклучоци, и т.н.?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Терапевтите можат да се спротивстават на идејата дека тие се експерти со постојано поттикнување на индивидуите да ги проценуваат реалните ефекти на терапијата во нивните животи и односи, и самите да определат до кој степен овие ефекти се пожелни ефекти а до кој степен тоа не се.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Читателот ќе стигне преку себеси самиот и подобро ќе знае да ги проценува духовитата надареност и идеите на авторот“.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ретко кога работите се откриваат одеднаш со сите резултати и со сите последици, особено за луѓе како мене, кои не можат уште со првиот поглед да ги проценат сите поединости и да го совладаат сиот волумен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Принцот Мишкин е аматер во животот, осуден да ги проценува ситуациите и луѓето како секогаш да ги среќава за првпат; аматерот Мишкин не знае да се здобие со искуство, а навиката за него нема никаква дидактичка вредност.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тој не успева да го согледа ослободителниот потенцијал на новите медиуми како нови сфери на јавна расправа, како и начините на кои тие не само што придонесуваат за доминација, туку и може да послужат како инструменти на граѓанското учество во јавниот живот и начини на предизвикување општествени промени.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
За граѓаните да можат да учествуваат во демократските дискусии, тие треба да бидат информирани и да поседуваат знаење за да можат критички да ги проценуваат информациите 106 Jürgen Habermas, The Structural Transformation of the Public Sphere: An Inquiry into a Category of Bourgeois Society (Cam- bridge, Mass:MIT Press, 1989), 171. 107 Douglas Kellner, “Habermas, the Public Sphere, and Democracy: A Critical Intervention,” http://www.gseis.ucla.edu/faculty/ kellner/papers/habermas.htm. 93 и да ги претворат во знаење.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Тој се врати на своето место и мирно продолжи: – Јас, мила, убаво ги проценив сите околности за да се патува во Италија или не.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)