ги (зам.) - протолкува (гл.)

И сега, кога Мајка се подготвуваше да оди в болница, со сиџилите, за да му ги протолкува Татко на Сокол Мечевски, тој, за чудо, беше пред порти.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Од чантата ги изваде трите сиџили за коишто вети дека ќе му ги протолкува на ориенталистот Сокол Мечевски, за наредниот ден...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ги извади од чантата трите сиџили што требаше да ги протолкува за Сокол Мечевски, а врз кои работеше ноќта пред да го однесат в болница, а и додека престојуваше таму.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Моето кревко тело нема смисла за убав подвиг, но ти лесно според потта на мојата болна кошула, како според Книга на болниот, ќе ги протолкуваш сите соништа и ќе ја покажуваш кошулата како поука на сите кои копнеат заедно со Тебе да стигнат таму каде што не може никој освен тебе.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Одбиваше да му ги протолкува знаците од сништата: „Зарем не гледаш како се влечкам по темниот раб на светлината - се жалеше – Немоќна самотничка сум, одам по дрвено мовче, кое веќе се крши, гризено од водата“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И кога еден ден Татко започна во својата библиотека - судбина да става книги на Маркс, Енгелс, Ленин и Сталин помеѓу Библијата, Куранот, Талмудот и другите свети книги, Мајка ја обзеде силен страв што не го покажуваше надворешно, немоќна да ги протолкува чудните постапки на својот сопруг.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ема овие зборови на госпоѓа Мариела ги протолкува како алузија на нејзините средби со Ниротакис во студиото.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Забуната настанува од вашата желба да ги видите точките, да ги осознаете, да ги протолкувате.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Читаме, нѐ полнат книгите со секакви поединости, го слушаме преку нив човековиот глас, но подоцна животот ќе биде тој што ќе ни ги протолкува книгите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, иако совршено добро знаеше да им гледа на кафе на познати и на непознати, чии судбини, желби и минато со леснотија ги читаше од филџаните, во својот никогаш не можеше да види ништо, ниту пак на некој објективен начин можеше да ги протолкува оние фигурички и форми што ќе ги видеше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Еднаш ѝ реков на мајка ми, и тоа на шега: „Колку ќе беше страшно нашите грди помисли секој еден да може да ги забележи и да ги протолкува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се плашев дека моите совети, што не беа ништо друго туку поигрувања на духот, можеле да потхрануваат кај неа такви чудни замисли? Не сум сигурен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зарем можела некои мои постапки да ги протолкува како подршка на идејата за другото време, за крилата, што ќе ѝ помогнат да го посети тој непознат свет што одамна беше нејзина опсесија?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Станаа какви што ретко можат да се видат во светот: во едната имаше илјадници ситнурии и матракулки: од игли за плетење и крпење до часовници што некогаш имале разноразни задачи: да ѕвонат, да тикараат, да гукаат на ѕидови и да се тресат по мали џепчиња; па потоа конзервички и тенеќиња со шарени обвивки и со натписи што можеш по цел ден да ги читаш и да не ги протолкуваш; шишулиња од разни големини и дебелини, кои можат да се носат воврени во прстите или пак наредени како цевки под мишките; белезички, прстенчиња, ножиња со рокчиња, шарени стомничиња, свирчиња, а потоа: рачки од чадори, поткови, бургивчиња, тркала од колички, панаѓурски штракачиња и што ли не.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Братот партиец, кумот на нашата Сталинка, прико­ван за паунестото радио, се обидуваше да ни ги протолкува непознатите зборови, да нè смири, но постигнуваше спро­тивен ефект.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А и она, што уследи во однесувањето на Виктор изобилствуваше со знаци што не можев да ги протолкувам бидејќи не бев сигурен колку бев јас виновен за натамошните постапки на мојот постар брат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Дали некогаш ќе ги протолкувам?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А светлост ќе ви затреба и за да ги протолкувате натписите запишани на вратата од приземјето и тоа на сите јазици на владарите што доаѓале и господареле со овој простор. (Турскиот натпис содржеше дури и две варијанти: Гирис уасак Цикмз сокак гириси; српскиот, Улаз забрањен; бугарскиот влез в'в ада).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)