ги (зам.) - притисне (гл.)

Задржаните ги притиснаа пак во еден ќош, а пред нив горе-долу по дворот шеткаше стражар на голем коњ, управувајќи го понекогаш и накај групата, кога му се чинеше дека оваа се проширила на повеќе простор одошто ѝ се полага.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој повторно ги притисна прстите врз очните капаци. Конечно го напиша, но тоа не му помогна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но токму во тој момент толпата ги притисна еден кон друг и нивните раце случајно се сретнаа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја стави раката на челото и ги притисна малку слепоочниците, како да се обидува да се сети на нешто.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ги затвори очите и ги притисна со прстите, обидувајќи се да ја истисне сликата што постојано му се враќаше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А музиката околу нив се движи нежно, речиси како ветер – се провира меѓу нив за да ги подраздели, а потоа ги турка од зад грб за да ги притисне еден до друг.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Неговите усни изненадувачки совршено ги притиснаа нејзините, под агол од кој таа само за еден краток миг виде како тој ги затвора очите пред и таа да ги затвори своите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Светлината допира во закнижениот прозорец и ги притиснува клепките и допира до разматената свест.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се преправаше оти дреме, а всушност ми ги слушаше мислите и уживаше.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Пишпирик и Барбут- бег престанаа да пеат. Ги притисна горештината.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Луѓето гледаат како нејзиното тело замира од болка, како брчките на нејзиното високо бело чело стануваа се подлабоки, како, и се смалуваат очите...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И се чини дека тој лежи пред неа, тука, до нејзините колена.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Крстовица го стави писмото во еден плик на кој беа залепени две канадски марки; бегајќи од дома, од куќата опфатена со пламен, таа само толку успеа да земе од целата покуќнина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Без збор клекна, подигна раце и остана така молбено и болно и небаре занесена во таа молитва што не исцелува болка, шепоти, моли, сплетува прсти, ги притиснува до градите, се ниша де напред, де настрана...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се фатив за џебот од панталончињата да проверам дали парите ми се сѐ уште таму: таму беа, проѕвечкаа кога ги притиснав.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Пребледев кога ми текна колку ќе ме кара.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се свртевме накај него и не сакајќи се фативме секој за својот клуч.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Воланот му ги притиснал ребрата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„И тогаш, пак клучот на гуша и - слободица мила, ама слободица со ум“, тоа татко му на Љупчо дорече влегувајќи во собата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Видов, имаше израснато нешто исто како заби, но кога ги притиснав како од некоја тврда жила да беа или како ’рскавица.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Првин добро ги притиснавме Бугарите, ама сега тие нѐ притискаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги притисна рацете и падна. Лежеше неподвижно.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)