ги (зам.) - присили (гл.)

Со еден збор, Чамецот за спасување спаѓа во сосема друг вид филмови од оние на Хичкок: оној вид психолошки драми, кадешто групата луѓе се наоѓа на ограничен простор и егзистенцијално заострената ситуација ги присилува да ги „откријат картите”, да го докажат својот вистински карактер, да смогнат доволно сили за спасувачката одлука или да пропаднат.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Откако биле заземени градовите, Бурите ја продолжиле борбата со партизанско војување. Дури на 1.7.1902 год. Англија ги присилила Бурите да потпишат мир и како автономни републики да влезат во Британската Империја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На тоа сме присилени, како што нашите претци беа присилени да застанат на две нозе, бидејќи настапувачката еколошка катастрофа ги присили некако да ги премостат празните простори меѓу преостанатите стебла.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И дури кога очите му беа полни со солзи, застана на патеката и со љубопитна внатрешност ги присили солзите да се вратат назад.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Не, - рече Коле, - првин ќе ги присилат да ги искажат сите наши, бидејќи до пред малку не можеа ништо да дознаат, а потоа, без пречки, ќе удрат на палење ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Хичкок тоа го сметал за свој најуспешен настап во некој од своите филмови. превод: Ана Пејова извор: Hitchcock (зборник, Љубљана, 1984.) okno.mk | Margina #22 [1995] 157 158 Margina #22 [1995] | okno.mk Во следната Маргина Голем тематски блок за Александар Станковски Хитлерите, Тајните вечери, Ѓаволите и жените, Кокино, Маклабас, Лабрис okno.mk | Margina #22 [1995] 159
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Длабокиот снег, кој веќе фаќаше преку колена, ги присили овците да се движат само по патеката што ја направи Бојан, па штом се напија вода сами се вратија кај плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со една вешта манипулација Граси всушност свесно го напипува пулсот и ги присилува граѓаните да си ја објаснат дилемата пред која тој ги постава, дали ќе му дадат пари на плачливиот уметник кој попрво е паразит, отколку продуктивен член на општествениот ланец на прехрана.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)