ги (зам.) - прикрие (гл.)

Не малку шминка потрошиле загрепските дами за да ги прикријат масните модрици под очите.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Цело попладне вчера тој успеа да ги прикрие визиите, кои повторувајќи му се закануваа да се проектираат на екранот на неговата имагинација.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Беше очигледно дека Камилски сакаше да ги прикрие надворешно маките што го тиштеа од навраќањето на зборовите зандана и сега кодош, кои силно ја разбрануваа неговата карцерална меморија и го отимаа од сегашноста враќајќи го во пеколот на изминатото време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Можеби, како што се изрази еден љубител на поезијата, сакото всушност ги прикрива неговите недоволно развиени крила кои во некој многу близок час ќе му помогнат да полета, и не само да ја следи, туку и да ја создава спомнатата подвижна вистина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Таа поврзаност, мислам, лесно е да се утврди, но можно е, меѓутоа, дека таа ги прикрива пофините разлики.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Со постојаната блага насмевка, ги прикрива своите намери, својата енергичност...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)